Archive of News

Драги матуранти, наши идни студенти!

Ве покануваме на традиционалниот настан „Отворен ден на УКИМ“, којшто ќе се одржи со физичко присуство во просториите на секој од факултетите, во два термина:
⏰ 11 – 13 часот и 13 – 15 часот.

Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера и сите одтанати можности ✅

Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, и за кариерните можности 💡.

Посетете ги факултетите на УКИМ, запознајте се со нивните просторни капацитети, амфитеатри и лаборатории

Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја 🎓!

Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје!

Се гледаме на 5 декември!

Во рамки на Неделата за подигнување на свеста за рационална употреба на антибиотици, на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје се одржа Едукативна работилница на тема: Едуцирај. Застапувај. Дејствувај сега.

Целта на работилницата беше да се подигне свеста кај идните доктори по ветеринарна медицина и доктори по медицина за растечкиот проблем на AMR и да се потенцира нивната улога во справувањето со овој здравствен предизвик.

На работилницата со свои презентации учествуваа студенти, асистенти и професори од Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје и Студенти од Медицинскиот Факултет во Скопје. Учесниците дискутираа за причините за појава на антимикробната резистенција, последиците од нејзиното ширење и стратегиите за нејзино контролирање. 

Работилницата ја истакна сериозната закана од AMR за здравјето на луѓето и животните, нагласувајќи ја  потребата за заедничка активност и проактивен пристап во борбата против овој глобален предизвик. 

На 15 Ноември 2024 година, деканот проф. д-р Деан Јанкулоски, на свечената промоција ги додели дипломите на дипломираните Доктори по ветеринарна медицина, и од името на сите професори и соработници им го честита успешното завршување на студиска програма и им посака успешна професионална кариера.

На 01.11.2024 година, координаторот на проектот доц. д-р Мирослав Ќосевски и координаторот на Работен пакет (РП)2, доц. д-р Мартин Николовски одржаа кратка презентација на VETCOM проектот пред наставниот и административниот кадар при ФВМС. Координаторот на проектот и носителот на работниот пакет, детално ги објаснија целите и активностите кои претстојат во рамките на проектот.

По презентацијата, координаторот на работниот пакет (РП) 2, доц. д-р Мартин Николовски на кратко се обрати до присутните колеги и го презентираше следниот чекор кој се состои од пополнување на анкета за сите пријавени учесници на проектот.

Со оваа презентација, започнаа првичните активности од РП2.

Повеќе детали за Конкурсот на следниот линк.

Рокови за пријавување на кандидатите на ТРЕТИОТ уписен рок согласно Конкурсот

Рокови за пријавување на кандидатите на ВТОРИОТ уписен рок согласно Конкурсот

  • Пријавување на кандидатите и поднесување на потребните документи: 17 и 18.09.2024 год.;
  • Објавување резултати од успехот од средно образование (прелиминарна ранг-листа): 20.09.2024 год.;
  • Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа): 25.09.2024 год.;
  • Запишување на кандидатите: 26.09.2024 год.

Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2024/2025 година

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распиша конкурс за доделување стипендии за индивидуална мобилност во летниот семестар на академската 2024/2025 година преку програмата ЕРАЗМУС+ K131.

Повеќе информации во однос на времетраење на конкурсот, потребните документи и начинот на апликација за студентска мобилност, може да пронајдете на следниот линк.

Почитувани колеги,

Агенцијата за храна и ветеринарство, Ветеринарната комора и Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, организираат стручен состанок со ветеринарните друштва кои извршуваат активности од јавен интерес.

Состанокот има за цел запознавање со епидемиолошката состојба со болеста чума кај малите преживари во регионот и мерките кои треба итно да се преземат со цел спречување на појава и ширење на болеста во државата, а ќе се одржи на 21.08.2024 година (среда) во Предавална 1 на Факултетот за ветеринарна медицина Скопје со почеток од  10:30 часот .

Subscribe for our announcements

[email-subscribers namefield=”YES” desc=”” group=”Public”]