Конкурсот за упис на студенти на трет циклус студии по Ветеринарна медицина и Безбедност на храна, можете да го погледнете тука.

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.
Рокови за пријавување и запишување на кандидати
Упатство за начинот на пријавување на кандидатите

Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје потпиша договор за меѓусебна соработка со Научниот институт за ветеринарство од Нови Сад, Србија.
Овој стратешки договор претставува значаен чекор кон унапредување на научната и стручната соработка, заеднички научно-истражувачки проекти, размена на знаења и искуства, како и поддршка на млади научници и студенти од двете институции.
Целта на оваа соработка е зајакнување на регионалната научна мрежа во областа на ветеринарната медицина, јавното здравје и безбедноста на храна, преку споделување на ресурси, експертиза и добри практики.


Со особена чест и задоволство ја споделуваме информацијата дека проф. д-р Влатко Илиески, од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, е избран за нов член на Научниот одбор на COST, во улога на Заменик-претседател.
Ова значајно признание претставува потврда за неговиот долгогодишен научен и професионален ангажман, како и за меѓународната вредност на истражувањата што се реализираат во рамки на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Проф. Илиески е раководител на Центарот за благосостојба на животните, а неговата научна работа е фокусирана на функционалната морфологија, со посебен акцент на заштитата и благосостојбата на животните.
Со голема гордост ве информираме дека нашите колеги постигнаа исклучителен успех на XX-та Јубилејна Меѓународна Научна Конференција „Традиција и современост во ветеринарната медицина“, која се одржува од 25 до 27 април 2025 година, во Јундула, во организација на Факултетот за ветеринарна медицина при Универзитетот за шумарство во Софија, Бугарија.
На оваa реномиранa научна конференција, Бојана Чапкуновска, ДВМ, ја освои првата награда во секцијата „Инфективна патологија“ за својата извонредна презентација, додека Асистент Јане Влахов, ДВМ, го освои третото место во секцијата „Неинфективна патологија, морфологија, екологија и сточарство“ со својот значаен научен придонес.
Им упатуваме срдечни честитки на нашите колеги за нивниот успех и им благодариме што со својот труд и посветеност го претставија нашиот факултет на највисоко ниво. Нивните достигнувања се доказ за квалитетната научноистражувачка работа и професионалноста што ја негуваме во нашата академска заедница.




Почитувани студенти,
Во продолжение е информацијата за престојната летна школа во рамките на програмата за мобилност CEEPUS за учебната 2024/2025 година, која ќе се одржи во период од 06-11 јули, 2025 год., во Будимпешта, Р. Унгарија.
Пријавување на заинтересираните студенти е најдоцна до 30 Април 2025 год., кај CEEPUS координаторот проф. д-р Зехра Хајрулаи Муслиу или кај Продеканот за наука и меѓународна соработка доц. д-р Мирослав Ќосевски.
Повеќе информации во врска со летната школа, можете да погледнете на следниот линк.

Се известуваат студентите на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје дека Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распиша Конкурс за доделување стипендии за студентска мобилност за студирање во зимскиот семестар во академската 2025/2026 во рамки на ЕРАЗМУС+ програмата.
Рок на апликација: до 18.04.2025 г. Подетални информации за конкурсот може да најдете тука.




