Информации во врска со Конкурсот за запишување студенти на втор циклус (специјалистички) студии по Безбедност на храна, на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на ФВМ-Скопе, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за учебната 2022/2023 година на студиската програма Безбедност и квалитет на храна (специјалистички студии), ги известуваме сите заинтересирани кандидати дека ПРВИОТ УПИСЕН РОК ќе се одржи во период од 19.09. до 27.09.2022 година.

Пред пријавувањето во роковите предвидени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да задолжително да се регистрира на www.upisi.ukim.mk  и да ја пополни електронската пријава во iKnow системот.

  • По реализација на првиот уписен рок, за непополнети места на единиците, односно студиските програми, Универзитетот на својата интернет страница ќе објави број на слободни места за вториот уписен рок.

ЗАБЕЛЕШКА:

  • Во вкупниот износ на школарината, вклучена е и одбраната на магистерскиот труд.
  • Детални информации за условите за запишување и студирање на студиската програма Безбедност и квалитет на храна, потребната документација, организација и распоредот на студиите, заинтересираните кандидати може да ги добијат на Факултетот за ветеринарна медицна – Скопје.