Награда за најдобар научник на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје за д-р Александар Цветковиќ, научен соработник од Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје

На 10 ноември 2021 година, во Ректоратот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје се одбележа Светскиот ден на науката. На настанот, Ректорот на Универзитетот, проф. д-р Никола Јанкуловски ги промовираше најдобрите научници на Универзитетот во одделни научноистражувачки подрачја кои постигнале врвни научноистражувачки резултати во изминатата 2020 година.

Добитник на наградата во подрачјето на земјоделски и ветеринарни науки е науч. сор. д-р Александар Цветковиќ од Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.

Наградата е знак на признание за неговите покажани врвни резултати во научноистражувачката дејност во 2020 година и придонесот за афирмацијата на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје и на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Постигантиот успех на колегата науч. сор. д-р Александар Цветковиќ е само потврда за високите научноистражувачки капацитети на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје и уште еден придонес во областа на ветеринарските науки во земјата и пошироко.

 

Факултет за ветериарна медицина-Скопје