Ветеринарна медицина – докторски студии од трет циклус
Овие студии, како и сите докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се одвиваат во рамките на Школата за докторски студии при Универзитетот. Дизајнирани се така што е овозможено креирање на индивидуален курикулум во зависност од спецификите на темата на кандидатот, од актуелната научно-истражувачка дејност на институцијата, како и од идниот професионален ангажман на кандидатот. Организирани се како студии за доктори на науки со цел едукација на истражувачи кои покажуваат поголем интерес за науката како професија, како и за истражувачи кои ќе сакаат да ја поврзат ветеринараната наука со праксата со што тие ќе се стекнат со научни квалификации за работа во одредени ветеринарни субспецијалности. Покрај „внатрешната мобилност“ со овие докторски студии се отвора можност и за мобилност со други, сродни факултети и програми во рамките на универзитетот.
Докторските студии по ветеринарна медицина се составен дел на новиот модел за градење на кариера кој на идните истражувачи им дава подобра перспектива за индивидуален развој и можност за поголем избор уште во раната фаза на професионалната кариера. По успешното завршување, младите научници ќе се стекнат со способност за самостојно истражување во мултидисциплинарни тимови од повеќе области на биотехнолошките и медицинските науки.
Студиска програма е во траење од 3 години (6 семестри) и содржи вкупно 180 ЕКТС кредити при што секој кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман.
Вкупниот број на кредити (180) се стекнува на неколку полиња односно составни делови на третиот циклус (докторски) студии:
- Обука за истражување = 30 ЕКТС:
– Три задолжителни предмети за стекнување генерички знаења = 12 ЕКТС, и
– Докторски семинари, конференции и работилници за истражувачка практика = 18 ЕКТС; - Едукација со десет предмети од подрачјето и областа на истражување = 30 ЕКТС, и
- Пријава, изработка и одбрана на докторската дисертација = 120 ЕКТС
Наставата по предметните програми се изведува на македонски и/или англиски јазик во зависност од јазичната хомогеност, односно хетерогеност на студентите на соодветната предметна програма. Докторската теза се пишува на македонски и/или на англиски јазик. Одбраната на докторската теза е јавна, на македонски или на англиски јазик.
Со завршувањето на оваа студиска програма, кандидатот се стекнува со висообразовнта квалификација (титула) доктор на науки по ветеринарна медицина.
Подетално за оваа студиска програма може да се види овде.
Елаборатот за повторната акредитација на студиската програма Ветеринарна медицина (2021) може да се види овде.
Решение за акредитација на студиската програма од Одборот за акредитација на високото образование при Агенцијата за квалитет на високото образование Докторски студии Ветеринарна медицина може да се погледне тука.
Решението за почеток со работа на студиската програма од Министерството за образование и наука може да се види овде.