Работна посета на амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин на ФВМ-С

Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин во придружба на аташето за култура, образование, наука и спорт при Амбасадата, Михаил Крапива оствариja работна посета на Факултетот за ветеринарана медицина.

На средбата со деканот на Факултетот за ветеринарана медицина, проф. д-р Лазо Пендовски,  Деканатската управа на Факултетот и почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, Амбасадорот беше информиран за соработката на Факултетот со двата најголеми Ветеринарни универзитети во Руската Федерација – Универзитетот во Москва и Универзитетот во Санкт Петербург, која се реализира преку заедничкото учество во работата на EAEVE и VetIstanbul групата, како и размената на студенти меѓу институциите која ќе започне во септември 2019 год. Исто така беше разговарно и за идеите за соработка меѓу Факултетот за ветеринарна медицина и Россељхознадзор во областа на контролата на квалитетот и безбедноста на храната, што е од интерес не само на двете институци, туку и на двете држави. По кратката средба, амбасадорот ги посети лабораториите во кои Факултетот ја реализира својата научна и апликативна дејност од областа на ветеринарната медицина и контролата на квалитетот и безбедноста на храната.