Врз основа на одлука на Деканатската управа број 0201-731/8 од 11.03.2020 година Кризниот штаб на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје за превенција од ширење на вирусот Covid-19 на состанокот одржан на 16.03.2020 година ги донесе следниве мерки.
- Поради превенција од ширењето на вирусот Covid-19 се ограничува пристапот на ФВМ-С за странки и коминтенти. Поради тоа вратите се отвараат само со електонски картички, а влезот на невработени лица е со претходна најава во архивата на факултетот, телефон 02/3240700.
- Се молат сите лица кои имаат потреба за комуникација со ФВМ-С истото да го прават на електроснките адреси и телефоните објавни на веб страната на факултетот.
- Мострите за анализа се доставуваат преку шалтерот на приемните оделенија на ФВМ-С. Лицата вработени на примните одленија во текот на работата користат заштитна маска и ракавици, притоа почитувајќи ги правилата за одржувањена дезинфекција на површините и рацете со обезбедените средства за дезинфекција.
- Се задолжуваат раководителите на иснтитутите до организираат дезинфекција на влезовите и излезите на зградите на ФВМ-С два пати во текот на денот со обезбедениот дезинфициенс а по потреба и дополнително. Исто така се организира и дезнифекција на сите површини во објектите на факултетот најмалку еднаш во текот на денот.
- Се забранува секакво собирање во просториите и во кругот на Факултет за ветеринарна медицина-Скопје за вработени и коминтенти.
- Се задолжува деканот на факултетот да изготви допис до ветеринарната комора за намалување на капацитетите на ФВМ-С во врска со спроведувањето на програмите за мониотиринг, и нивна адаптација на постоечките и новонастанатите услови.
- Се задолжува раководителот на Универзитетската ветеринарна болница да направи известување на начинот на работење, мерките кои треба да се превземат против ширење на вирусот Covid-19.
- Се задолжуваат лицата кои земаат мостри а во консултација со раководителот на институтот, истото да го прават само со претходен договор со Официјалните ветеринари. Мострите да се земаат од собирни пунктови и истите да бидат превземени надвор од просториите односно да се достават дирекно во возилото за транспорт.
- Возилата за транспорт по секое излегување на терен, по поминување низ кризни подрачја или секојпат кога за тоа има потреба да се дезинфицираат целосно со пумпа и дизинфициенс обезбедени од ФВМ-С. Лицата кои управуваат со возилата во текот на цело време се обезбедени со маска ракавици и работна униформа. Секое возило е обезбедено со пумпа за дезинфекција и дезинфициенс за површини и раце.
Од Кризниот штаб за превенција од ширење на вирусот Covid-19