Од 8 до 12 мај 2017 година ФВМС имаше отворена недела кога беа отворени вратите на Факултетот за заинтересираните матуранти за да го запознаат нашиот факултет „од прва рака“. На 10 мај ФВМС го посетија група ученици од III и IV година од СУГС „Браќа Миладиновци“ од Скопје, на кои им беше организирано разгледување на ФВМС, а од страна на вработените им беа објаснети секојдневните активности во наставната, истражувачката и апликативната дејност.