Главен истражувач: Проф. д-р Зехра Хајрулаи-Муслиу
Учесници: Проф. д-р Зехра Хајрулаи-Муслиу, Проф. д-р Деан Јанкулоски, Доц. д-р Ристо Узунов
Улога на лицата од ФВМС вклучени (учесници) во проектот: Проф. д-р Зехра Хајрулаи-Муслиу: Раководител на проектот, координирање, статистичка обработка на податоци, пишување на извештаи, објавување и презентација на резултати од проектот во меѓународни научни списанија и научни конференции
Проф. д-р Деан Јанкулоски: Организација и координирање на колењето на третирани животни. Земање на мостри од третирани животни, статистичка обработка на податоци, објавување и презентација на резултати од проектот во меѓународни научни списанија и научни конференции.
Партнери во пректот: IAEA
Времетраење: 03.03.2020-01.06. 2025
Финансиран од: IAEA
Тип на проектот: Меѓунароен проект
Резиме на проектот: Употребата на ветеринарно-медицински препарати за терапија, профилакса или како промотори на раст кај животни кои се користат за производство на храна мора да биде во согласност со упатствата на производителот на ветеринарно-медицинските препарати, новите научни сознанија и принципите на добрата ветеринарна пракса. За среќа, постојат голем број на ветеринарно-медицински препарати кои докторите по ветеринарна медицина ги користат за да им помогнат на болните животни и да спречат ширење на болести. Но, од друга страна, за жал, за голем број ветеринарни лекови нема истражување и податоци за метаболизамот, за кинетиката и екскрецијата на остатоците од ткивата, а исто така нема податоци за да се олесни воспоставувањето на МРЛ вредност. Поради тоа, употребата на овие ветеринарно-медицински препарати може да предизвика проблеми во јавното здравство. Главната цел на проектот е истражување и евалуација на метаболизмот, кинетиката и екскрецијата на остатоците од 4 ветеринарни лекови од приоритетната листа и тоа: триметоприм (кај кози), ампролиум, фипронил, цистеамин и амитраз (кај овци). Ветеринарните лекови кои ќе се користат ќе бидат радиоизотопски обележани аналози (C-14, H-3, P-32, N-15 или S-35 (во зависност од достапноста) (со позната специфична активност). Покрај тоа, проектот вклучува мерење на радиоактивноста на примероците, развој и валидација на методи со хроматографски техники (LC-MS/MS, GC-MSD или HPLC-DAD/FLD) како што е одредување на концентрацијата на остатоци од овие ветеринарни лекови кај овците во ткива за јадење (црн дроб, мускули, масно ткиво и бубрези). Ова истражување ќе обезбеди информации за 4 ветеринарни лекови, за нивниот метаболизам, кинетика и екскреција на остатоци од ткивата што може да се користат во исхраната на луѓето, нови валидирани аналитички методи за нивно идентификување и квантифицирање и ќе даде научен придонес во заштитата на јавното здравје.