Почитувани,
Со цел превенција од ширење на корона вирусот, Ве известуваме дека во престојниот период Универзитетската ветеринарна болница ги превзема следните чекори:
- Универзитетската ветеринарна болница, работи непречено секој работен ден со почеток од 09 до 15:30 часот;
- При прием на пациенти, сопствениците задолжително треба да го почитуваат редоследот во чекалната, каде може да присуствуваат најмногу до двајца сопственици со својот миленик и задолжително е носење на заштитна маска;
- На приемниот дел во Универзитетската ветеринарна болница поставени се средства за дезинфекција на дланките, Ве молиме следете ги упатствата за редовна примена и ваша хигиена;
- Универзитетската ветеринарна болница работи на принцип со претходно закажување на термин за општи/специјалистички прегледи/елективни хируршки интервенции на следните телефонски броеви 071/269-471 или 02/3240 785;
- Прегледот, дијагностиката и третманот на миленици, ќе се спроведува без присуство на сопственикот, освен во случаи кога тоа е неопходно;
- Предност за прием, преглед и хируршки интервенции имаат домашните миленици кај кои се забележани симптоми на:
- Акутна траума/крварење/акутен абдомен/отворени скршеници
- Сомнеж на труење
- Тежок пород/пиометра/вагинално крварење
- Гушење, отежнато дишење
- Интензивно повраќање/дијареа пропратено со симптоми на општа слабост, особено кај млади животни на возраст до 1 година
- Крварење од природните отвори (усна, носна празнина)
- Потешкотии при уринирање и дефекација
- Сомнеж за дилатација/торзија на желудник и страно тело
- Епилептни напади/офталмолошки и невролошки итни состојби.
За сите дополнителни информации, Ве молиме да се јавите на следните телефонски броеви: 071/269-471 или 02/3240 785 или да не контактирате преку нашата меил адреса uvb@fvm.ukim.edu.mk .
Со Почит,
Проф. д-р Ксенија Илиевска
Раководител на
Универзитетска ветеринарна болнива
Известувањето можете да го превземете тука.