На Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје, Институт за храна во Лабораторија за молекуларни анализи на храна и ГМО, во периодот 26-27 септември 2022 година беше одржана лабораториска обука со наслов “Real-Time PCR method for Listeria monocytogenes frontline characterization” од страна на Sandrine Te и Karine Capitaine преставници од EURL Listeria monocytogenes, ANSES, Парис, Франција. Лабораториската обука беше продолжение од теоретската обука дел од научниот собир “Денови на ветеринарна медицина 2022” година која се одржа во Охрид 22-25 септември 2022 година. Во текот на обуката беа изведени повеќе активности за екстракција на бактериска ДНК, молекуларна серотипизација и определување на 30–те најзначајни клонални комплекси со примена на real-time PCR. Со овој тренинг лабораторијата успешно имплементираше и валидираше молекуларен метод со кој се врши дискриминација со висока специфичност помеѓу изолатите на Listeria monocytogenes со цел следење на овој патоген. Обуката ќе придонесе за понатамошно проширување на соработката со EURL L. monocytogenes (ANSES) и вклучување во мрежата на лаборатории кои ја испитуваат генетската разновидност на оваа бактерија во југо-источниот дел на Европа.