Врз основа на член 16 став 4 од Изјавата за основање на Друштвото – Центар за едукација, истражување, примена, развој и унапредување на ветеринарната медицина ЕДУВЕТ ДООЕЛ – Скопје, чијшто единствен содружник е УКИМ- Факултет за ветеринарна медицина – Скопје, деканот на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје објавува
ИНТЕРЕН ОГЛАС
за избор на Управител на Друштвото – Центар за едукација, истражување, примена, развој и унапредување на ветеринарната медицина ЕДУВЕТ ДООЕЛ – Скопје
Со овој интерен оглас се повикуваат сите заинтересирани за избор на управител на Друштвото – Центар за едукација, истражување, примена, развој и унапредување на ветеринарната медицина ЕДУВЕТ ДООЕЛ – Скопје да се јават по огласот.
Секој вработен од редот на наставно-научниот кадар на Факултетот има право да се пријави на огласот.
Управителот се избира за период од 3 години со право на повторен избор.
Правата и одговорностите на управителот се утврдени со Изјавата за основање на Друштвото – Центар за едукација, истражување, примена, развој и унапредување на ветеринарната медицина ЕДУВЕТ ДООЕЛ – Скопје.
Кандидатите за управители не можат да бидат лица од член 29-а од Законот за трговските друштва.
Заинтересираните кандидати во определениот рок преку архивата на Факултетот доставуваат пријава, програма за работа на друштвото и мотивациско писмо. Заедно со пријавата, кандидатот за избор на управител треба да поднесе и писмена изјава (самиот ја подготвува) со која изјавува дека не е лице наведено во член 29-а од Законот за трговски друштва, како и дека не е лице на кое со правосилна судска одлука делумно или во целост му е забрането да врши професија, дејност или должност што е поврзана со должноста управител на друштвото.
Лицето кое ќе биде предложено од Деканатската управа до Наставно – научниот совет, како кандидат за избор на управител ќе треба да достави и документ со кој се докажува дека со правосилна судска одлука делумно или во целост не му е забрането да врши професија, дејност или должност што е поврзана со управител на друштвото.
Огласот ќе биде отворен 5 (пет) дена од денот на објавувањето а кандидатите ќе можат да ги достават своите пријави од 30 август до 3 септември 2021 година.
Пријавата за избор на управител заедно со потребната документација треба да бидат доставени во затворен коверт (со назначување: Интерен оглас за избор на управител), во архивата на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, со седиште на ул. Лазар Поп Трајков бр. 5-7, 1000 Скопје.
Интерниот оглас можете да го превземете тука.
Декан
Проф. д-р Лазо Пендовски