Наставно-научниот совет на факултетот е стручен орган. Членови на наставно-научниот совет се: редовните и вонредните професори и доцентите, како и претставници кои ги избираат студентите.
Наставно-научниот совет ги донесува актите за внатрешната организација и работа на факултетот, ги донесува програмата за научноистражувачка работа, ја спроведува постапката и врши избор во наставно-научни звања, соработнички звања, звањето асистент – докторант, како и врши избор во научни и насловни звања.
Наставно-научниот совет на факултетот исто така:
- предлага број на студенти кои се запишуваат на прв, втор и трет циклус на студии;
- на деканатската управа и предлага мерки за создавање и усовршување на наставно-научниот подмладок и за работа со особено успешни и талентирани студенти;
- на деканатската управа и предлага мерки и одлучува за унапредување на наставната, научноистражувачката и применувачката, односно апликативната работа и за компјутерската мрежа;
- избира и разрешува секретар на факултетот;
- ги избира членовите на комисијата за самоевалуација и донесува упатство за евалуација на факултетот;
- одлучува за библиотеката, за библиотечно-информацискиот систем и за остварувањето на библиотечно-информациската и документационата дејност, во согласност со Статутот на Универзитетот;
- одлучува за организирање на собири, симпозиуми, советувања и сл;
- одлучува за остварувањето на меѓународната соработка согласно со Закон и Статутот на Универзитетот,
- избира членови на рецензентски комисии;
- одлучува за внатрешните организациони единици на Факултетот;
- донесува план за реализација на наставата;
- одлучува за прифаќање на извештајот за работата на деканот;
- дава согласност за вршење дејност на друга единица на Универзитетот;
- дава предлог за вршење дејност на друга единица на Универзитетот;
- избира свои претставници во Одборот за соработка и доверба со јавноста;
- предлага воведување на партиципација на трошоците за студирање;
- донесува одлука за потреба од наставник и распишува конкурс;
- ја разгледува иницијативата за предвремен престанок на изборот во звање;
- формира комисија за изготвување реферат за предвремено престанување на изборот во звање;
- избира членови на дисциплинската комисија за оговорност на студентите;
- обезбедува замена на наставниците и соработниците кои користат платено, односно неплатено отсуство;
- поканува визитинг професори за извршување високообразовна и научноистражувачка дејност за одредено време;
- донесува одлука за отпочнување на постапката за избор на декан;
- формира изборна комисија за спроведување на постапката за избор на декан;
- донесува програма за стручно и професионално усовршување и за различни облици на неформално учење;
- ја спроведува постапката за избор на редовни професори;
- донесува правила за студирање;
- склучува договори за соработка со странски универзитети согласно Законот за високото образование;
- одлучува за склучување на договори за двојна диплома (double degree) или заедничка студиска програма (joint degree) согласно Законот за високото образование;
- организира различни облици на неформално учење согласно Законот за високото образование;
- донесува програма за вклучување на визитинг професори од странство согласно Законот за високото образование;
- врши и други работи утврдени со закон, Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со овој Правилник и со другите акти на Универзитетот и на факултетот.
Членови на Наставно-научниот совет на Факултетот се:
- Проф. д-р Деан Јанкулоски (Декан)
- Проф. д-р Лазо Пендовски
- Проф. д-р Владимир Петков
- Проф. д-р Тони Довенски
- Проф. д-р Велимир Стојковски
- Проф. д-р Дине Митров
- Проф. д-р Влатко Илиески
- Проф. д-р Пламен Тројачанец
- Проф. д-р Ромел Велев
- Проф. д-р Игор Улчар
- Проф. д-р Зехра Хајрулаи – Муслиу
- Проф. д-р Благица Сековска
- Проф. д-р Славчо Мреношки
- Проф. д-р Павле Секуловски
- Проф. д-р Јована Стефановска
- Проф. д-р Флорина Поповска-Перчиниќ
- Проф. д-р Василка Попоска Треневска
- Проф. д-р Елена Давидковска
- Проф. д-р Александар Додовски
- Проф. д-р Ирена Целеска
- Проф. д-р Бранко Атанасов
- Проф. д-р Игор Џаџовски
- Проф, д-р Никола Адамов
- Проф. д-р Искра Цветковиќ
- Проф. д-р Кирил Крстевски
- Проф. д-р Ксенија Илиевска
- Проф. д-р Радмила Чрчева Николовска
- Проф. д-р Сандра Мојсова
- Проф. д-р Мирко Проданов
- Проф. д-р Елена Атанаскова Петров
- Проф. д-р Александар Цветковиќ
- Проф. д-р Бранко Ангеловски
- Доц. д-р Ивица Ѓуровски
- Доц. д-р Мартин Николовски
- Доц. д-р Ристо Узунов
- Доц. д-р Мирослав Ќосевски
- Тамара Танкоска – студент
- Христина Недељковиќ- студент
- Бојана Чапкуновска – студент
- Божидар Живковски – студент