Гостување на проф. д-р Киро Петровски од Универзитетот во Аделаида, Австралија

Почитувани,

Ве известуваме дека на 13.10.2025 година (понеделник), со почеток од 10 часот во рамките на предметот Менаџмент на здравје на стадо во договор со координаторите на предметот проф. д-р Тони Довенски и проф. д-р Бранко Атанасов, ќе се одржи предавање на тема ,,Менаџмент на здравје на млечната жлезда’’.

Предавањето ќе се одржи од страна на проф. д-р Киро Петровски при Универзитетот во Аделаида, Австралија.

Кратката биографија можете да ја погледнете тука.

Го очекуваме Вашето присуство!