
Со особена чест и задоволство ја споделуваме информацијата дека проф. д-р Влатко Илиески, од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, е избран за нов член на Научниот одбор на COST, во улога на Заменик-претседател.
Ова значајно признание претставува потврда за неговиот долгогодишен научен и професионален ангажман, како и за меѓународната вредност на истражувањата што се реализираат во рамки на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Проф. Илиески е раководител на Центарот за благосостојба на животните, а неговата научна работа е фокусирана на функционалната морфологија, со посебен акцент на заштитата и благосостојбата на животните.