Извонредни постигнувања на XX-та Јубилејна Меѓународна Научна Конференција „Традиција и современост во ветеринарната медицина“

Со голема гордост ве информираме дека нашите колеги постигнаа исклучителен успех на XX-та Јубилејна Меѓународна Научна Конференција „Традиција и современост во ветеринарната медицина“, која се одржува од 25 до 27 април 2025 година, во Јундула, во организација на Факултетот за ветеринарна медицина при Универзитетот за шумарство во Софија, Бугарија.

На оваa реномиранa научна конференција, Бојана Чапкуновска, ДВМ, ја освои првата награда во секцијата „Инфективна патологија“ за својата извонредна презентација, додека Асистент Јане Влахов, ДВМ, го освои третото место во секцијата „Неинфективна патологија, морфологија, екологија и сточарство“ со својот значаен научен придонес.

Им упатуваме срдечни честитки на нашите колеги за нивниот успех и им благодариме што со својот труд и посветеност го претставија нашиот факултет на највисоко ниво. Нивните достигнувања се доказ за квалитетната научноистражувачка работа и професионалноста што ја негуваме во нашата академска заедница.