Почитувани студенти,
Ве известуваме дека втората (јунска) испитна сесија во учебната 2024/2025 година ќе се одвива во период од 02 јуни до 04 јули, 2025 година, додека електронското пријавување на испити започнува од 22.05.2025 (четврток) и ќе трае до 01.07.2025 година.
Заверката на летниот семестар ќе се одвива во период од 02-10.06.2025 година преку Службата за студентски прашања.
Повеќе информации за начинот на пријавување на испити (Корисничко упатство IKNOW за студенти).