Во периодот од 27–28 март 2026 година, Факултет за ветеринарна медицина – Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во соработка со Клиниката за преживари и свињи при Факултет за ветеринарна медицина – Лајпциг, ќе ја организира работилницата со наслов „Управување со здравјето на чапунки и нивно влијание врз репродукција на млечните крави“ со меѓународно учество.
Работилницата ќе се реализира во два сегменти – теоретски и практичен дел, со работа во помали групи во Хотел „Молика“ и ЗК Пелагонија (с. Новаци – Битола).
Поканетите предавачи се еминентни меѓународни експерти кои ќе ги споделат своите теоретски и практични искуства поврзани со значењето на болестите на чапунките, влијанието врз репродукцијата кај млечните крави и современ пристап во менаџментот на здравјето на стадото.
Подетални информации за котизација, акредитација и целосната програма ќе бидат објавени наскоро.
