Прашалник за сопственици на домашни миленици за употреба на антибиотици

Во рамките на докторската дисертација на асистент Ивана Шикоска, ДВМ, под менторство на проф. д-р Искра Цветковиќ од Катедрата за микробиологија и имунологија при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, изработен е прашалник наменет за сопствениците на домашни миленици.

Целта е да се добие подобар увид во знаењето, ставовите и практиките поврзани со употребата на антибиотици и проблемот со антимикробната резистенција.  Добиените резултати ќе придонесат кон поцелосно разбирање на овој значаен проблем со кој се соочува ветеринарната медицина.

👉 Линк до прашалникот https://forms.gle/gCYQfZgdXRAGbfyj8

*Прикачен е и QR код.

Ви благодариме за одвоеното време и придонесот кон истражувањето.