ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ФАКУЛТЕТОТ ЗА ВЕТЕРИНАРНА МЕДИЦИНА-СКОПЈЕ И НАУЧНИОТ ИНСТИТУТ ЗА ВЕТЕРИНАРСТВО ВО НОВИ САД  

Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје потпиша договор за меѓусебна соработка со Научниот институт за ветеринарство од Нови Сад, Србија.

Овој стратешки договор претставува значаен чекор кон унапредување на научната и стручната соработка, заеднички научно-истражувачки проекти, размена на знаења и искуства, како и поддршка на млади научници и студенти од двете институции.

Целта на оваа соработка е зајакнување на регионалната научна мрежа во областа на ветеринарната медицина, јавното здравје и безбедноста на храна, преку споделување на ресурси, експертиза и добри практики.