Оглас за избор на демонстратори за учебната 2025/2026 година

Почитувани студенти,

Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје, распишува оглас за избор на демонстратори за учебната 2025/2026 година.

Сите заинтересирани кандидати, треба да ги исполнат следните критериуми:

  • да се студенти на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје и имаат остварено најмалку 180 ЕКТС кредити и просечна оцена од најмалку 8,00 (осум) или да се студенти на трет циклус на студии на една од студиските програми на Факултетот за ветеринарна медицина  во Скопје;
  • студентите да го имаат положено предметот на кој конкурираат;
  • во својата пријава, студентите може да наведат најмногу до два предмети за кои се пријавуваат, согласно објавената листа.

Пријавата со потребните документи се поднесува во архивата на факултетот најдоцна во рок од 5 (пет) дена од денот на објавување на огласот, заклучно до 30 септември 2025 година.

Огласот може да го погледнете тука.