Научното списание и официјална публикација на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје “Macedonian Veterinary Review” успешно го заврши процесот на евалуација кај престижната Clarivate Analytics – Web of Science Core Collection и го доби својот прв Impact Factor (фактор на влијание) 0.4 според Journal Citation Reports™ (JCR) за 2023 година.
“Macedonian Veterinary Review” е третото научно списание во Р.С. Македонија кои имаат IF (фактор на влијание), од вкупноте 6-те индексирани списанија на Clarivate Analytics. Едното е научно списание на МАНУ (Balkan Journal of Medical Genetics) а другите две (Macedonian Veterinary Review и Macedonian Journal оf Chemistry аnd Chemical Engineering) се списанија на Универзитетот Св. “Кирил и Методиј” во Скопје. Земајќи во предвид дека главните уредници се професори на УКИМ, слободно може да се каже дека сите списанија во државата кои имаат фактор на влијание се управувани и развивани од Универзитетот Св. “Кирил и Методиј” во Скопје а со тоа уште еднаш се покажа дека најголемиот и најстариот универзитет УКИМ е единствениот од нашата држава кој е двигател на науката на С. Македонија во светски рамки.
Macedonian Veterinary Review се објавува на англиски јазик и ги опфаќа сите научни и технолошки аспекти на ветеринарните науки и другите биомедицински области а е наменето за научници и истражувачи кои работат во истражувачки институти, универзитети и висобразовни институции. Индексирано е во повеќе од 45 научни бази меѓу кои Web оf Science, Scopus-Elsevier, EBSCO, DOAJ, Agricola….итн), едно од првите списанија кое ги посигна етичките принципи на публицирање и затоа е членка на COPE (Committee on Publication Ethics) а денес ко-публицира со издавачката куќа SCIENDO која е дел од германската издавачка куќа De Gruyter,
Постигнат е сериозен успех на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопјеи Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје кој покажува дека ФВМ-С при УКИМ е еден од лидерите во областа научните достигнувања во државата и пошироко и влијае на севкупните постигнувања на државата при рангирањето во светските научни бази.