ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЛЕТНА КЛИНИЧКА ПРАКТИКА

Почитувани студенти,

Ве известувам дека во тек е пријавувањето за изведување на летната клиничка практика во Универзитетската ветеринарна болница при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје. Имајќи предвид дека летната пракса се изведува во период од 30 работни дена,  бројот на студенти е ограничен.

Студентите својата пракса ќе може да ја обавуваат во период од 01.06.2023 до 30.09.2023 година.

Пријавувањето на студентите е преку Раководителот на УВБ, проф. д-р Пламен Тројачанец.