Пријавување за упис на кандидати на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје

При прјавувањето за запишување на кандидатите на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, кандидатите ги поднесуваат следните документи во следните рокови.

Пријавувањето на кандидатите во првиот уписен рок е на 29 и 30.08.2019 година од 09-14 ч.

Пријавувањето со документи ќе се врши во Службата за  Студентски прашања, но претходно кандидатите треба  да се електронски пријавени во IKNOW системот со целосно поплнети податоци што им се бараат на линкот даден подолу

https://www.upisi.ukim.mk/Account/Login.aspx?ReturnUrl=%2f

 Информациите се истакнати  и на страницата на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје

http://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=186&glavno=40

и на страницата на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје

http://fvm.ukim.edu.mk/

Потребни документи за пријавување се:

-пријава за запишување ( образец А1,се купува во книжара )

  • електронска пријава (испечатена од IKNOW системот )
  • оригинални свидетелства од сите класови
  • документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
  • извод од матичната книга на родените
  • доказ за државјанство на РСМ ( уверение или решение )
  • потврда за уплата на 300 денари на жиро – сметката на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, образец ПП 50 (на уплатницата задолжително да има Име и Презиме и ЕМБГ на апликантот)

Примач: Факултет за ветеринарна медицина во Скопје

Банка: НБРМ

Трезорска сметка: 1.000.000.000.63095

 износ: 300 денари

 Сметка на буџетски корисник единка: 1600104561  788   15

 приходна шифра и програма: 723012   41

 Цел на дознака: за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата

 –  лична карта или пасош ( документ за идентификација на кандидатот)

Припадниците на безбедносните сили и други категории на лица утврдени со Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Северна Македонија и членовите на нивните семејства, како и лицата утврдени со одредбата од чл. 23 од истиот Закон (Сл. весник на РМ бр. 2/02, 17/03, 30/04 и 66/07), во учебната 2019/20, ќе се запишуваат надвор од државната квота без плаќање партиципација, односно кофинансирање, под услови за запишување утврдени во овој Конкурс, а нивниот број може да изнесува најмногу до 10% од вкупниот број студенти на соодветната студиска програма.  Правото од претходниот став кандидатите го остваруваат при пријавувањето, со документ од Министерството за одбрана или од Министерството за внатрешни работи. Дополнително доставување документ за кандидатите кои се запишуваат во прва година не се зема предвид.

 Високообразовната установа нема да наплатува партиципација за:

 –  деца без родители до 26-годишна возраст, доколку се невработени;

 –  лица од прв и втор степен на инвалидност;

 –  воени инвалиди и

 –  лица растени во домови за напуштени деца до 26-годишна возраст, доколку се невработени.

 Овие кандидати се запишуваат надвор од квотата, најмногу до 10% од вкупниот број редовни     студенти  на соодветниот факултет утврден во Конкурсот.

Средствата за партиципација на овие лица ќе се покриваат од Буџетот на Република Северна Македонија.

Забелешка: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, се препорачува кандидатите претходно да направат преписи од документите за свои потреби и да ги заверат на нотар.

 

Запишувањето на примените кандидати е на 11.09.2019 година од 09 -14 часот.