Обука за компетентност за спроведување на тест за социјализација на кучињата

Датум: 07.06.2021

Време: 09:30 – 17:00 часот

Локација: Предавална 2 –  Центар за благосостојба на животните, Факултет за ветеринарна медицина Скопје

Тестови за социјализација на кучињата се користат, за проценка на темпераментот и степенот на агресивност кај кучињата, тестирање на проблеми кои се јавуваат како што се одбивање на ракување со кучето, проценка на појавата на посесивна и заштитна агресија, вокализација, високо ниво на реактивност како и проценка на појавата на различни форми на страв.

Обуката која се спорведува ги опфаќа карактеристиките на однесување на кучето при интеракција со друго кучето интеракција со човек при различни постапки (галење, ракување, ),  карактеристики на однесување при контакт со непознато лице, во постапка на клинички преглед, хранење, игра. Тестови на интеракција преку директен контакт со непознато куче. Проценка на рекативност на кучето од надворешни влијанија (звук, мирис, вид)

Проценителот ќе биде обучен да :

  1. Безбедно да раководи со кучињата на дневна основа без нанесување на страв, стрес и болка кај кучињата
  2. Стручно да го спроведува тестот за проценка на темперамент и агресивност
  3. Објективно ги протолкува, опише резултатите од процената на кучето
  4. Да даде препораки за способноста на кучињата да биде вдомени или не
  5. Да ги едуцира потенцијалните вдомувачи како се дава соодветна нега и грижа кон кучињата како и правилното однесување кон  кучињата

Проценителот како лице кое е задолжено за спроведување на тестот за социјализација и проценка на можноста за вдомување, треба да знае на стручен и објективен начин да донесе соодветна оценка и мислење за психичката состојба на кучето

Обуката ќе даде соодветна компетенција за проценителите во процесот на вдомување на бездомни кучиња  преко  проценка на способноста на кучето да се вклопи во нова средина како  и презентација на критериумите според кои се врши селекција на исклучување од програмата за вдомување.

Како посебен дел во обуката предвидени се и корективните мерки кои можат да се имплементираат кај кучиња со мали проблеми во однесувањето со цел успешно вклучување во програмата за вдомување .

Обуката е во согласност со постоечката законска регулатива, а со цел да се успешната имплементација на законот за благосостојба на животните правилникот со кои се опишани постапките за работа во прифатилиштата за бездомни животни како и спроведување на тестот за социјализација.

Барањето за обука зa компететност за спроведување на тест за социјализација на кучиња можете да го превземете тука.

Истото до пополнувата и го праќате на адресата наведена долу.

Програмата (Агенда) можете да ја превземете тука.

Лице за контакт:

проф. д-р Влатко Илиески

email: vilieski@fvm.ukim.edu.mk

Dunja Kovač – Кратка биографија