Соопштение за летна пракса

      Се известуваат студентите на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје дека во академската 2018/2019 година ќе може да присуствуваат на летна пракса на Факултетот за ветеринарна медицина во Истанбул Р. Турција и на Академијата за ветеринарна медицина во С. Петерсбурт, Русија. Факултетот за ветеринарна медицина ќе овозможи обавување на летна пракса на 3 студенти на Факултетот за ветеринарна медицина во Истанбул Р. Турција и 3 студенти на Академијата за ветеринарна медицина во С. Петерсбурт, Русија. Сите заинтересирани студенти може да се пријават кај продеканот за наука и меѓународна соработка.

Скопје, 30.01.2019 г.

Продекан за наука и меѓународна соработка

Проф. д-р Зехра Хајрулаи-Муслиу