Јавна одбрана на дипломски труд – Димитар Божиновски

Врз основа на позитивните оценки на сите три члена на Комисијата за прегледување и оценување на напишаниот дипломски труд (Одлука на продеканот за настава бр. 0901-1822 од 14.10.2019) продеканот за настава одобрува и закажува

ЈАВНА ОДБРАНА

на дипломскиот труд под наслов: Васкуларна анатомија на портална вена на црн дроб кај кучиња: Анатомско-Радиографска компаративна студија со примена на контрасно средство и корозивни модели, изработен од Димитар Божиновски, број на индекс 1253, на ден 22.10.2019 година во 12.00 часот, во просториите на предавална 2. Јавната одбрана ќе се изврши пред Комисијата во состав:

1. проф. д-р Лазо Пендовски (ментор)
2. проф. д-р Влатко Илиески (член)
3. проф. д-р Дине Митров (член)

Одлуката и соопштението можете да ги видите тука.