Денови на вашето милениче 2019

На 11.05 (сабота) и 12.05 (недела) ќе се одржи едукативен настан “ДЕНОВИ НА ВАШЕТО МИЛЕНИЧЕ 2019“, организиран од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје и Интернационална Ветеринарна Студентска Асоцијација Скопје, и поддржан од град Скопје. Настанот е наменет за секој одговорен сопственик, љубител или активист за животни! Целта на настанот е да се промовира одговорно сопствеништво преку едукација за правилна грижа и нега на милениците и информирање на јавноста за актуелни проблеми и заболувања кои се јавуваат кај домашните миленици.

На 11.05 (сабота), настанот ќе се одржи ВО АВАВ ХЕПИ ДОГ, првиот центар за миленици, каде ќе се одржат и кратки едукативни предавања, од страна на професори при ФВМ-С и доктори по Ветеринарна медицина, со што ќе се опфатат актуелните теми за милениците, како “Што е Кастрација/Стерилизација и кога е правилен избор?”  “Влијанието на телесната тежина врз благосостојбата на домашните миленици”, “Како да ги заштитиме милениците од екто/ендопаразити” и “Прва помош при труење”.

На 12.05 (недела), настанот ќе се одржи во ПАРКОТ ЗА МИЛЕНИЦИ – ГРАДСКИ ПАРК СКОПЈЕ. На самиот настан ќе бидат поставени повеќе информативни штандови каде присутните ќе имаат можност да се информираат/советуваат за одговорно сопствеништво на повеќе теми: Микрочипирање, Вакцинација, Правилна исхрана, Кастрација/Стерилизација, Брахицефаличен синдром, Вектор и вектор-преносливи болести и  Прва помош при труење. Исто така, ќе има и детско катче каде што ќе се анимираат, едуцираат и забавуваат децата. Предвидено е да има и игри наменети за сопствениците на милениците.