Јавна одбрана на Докторска дисертација – Мартин Николовски, ДВМ

Наставно-научниот совет  на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, на седницата одржана на 06.06.2019 година, ја усвои Рецензијата за оцена на докторската дисертација под наслов „Зголемување на криопрезервацискиот капацитет на ејакулатни медиуми за овчеполска праменка со употреба на семинална плазма и глутатион“ објавена во Билтенот на УКИМ бр. 1192 од 15.05.2019 година, стр.306-313.
Воедно беше закажана јавна одбрана на докторската дисертација на 02.07.2019 година, со почеток во 11:00 часот, во предавална 2 на ФВМ-С. Комисијата за одбрана на докторската дисертација е во следниот состав:
  • проф. д-р Владимир Петков (претседател),
  • проф. д-р Тони Довенски (ментор),
  • вонреден проф. д-р Флорина Поповска Перчиниќ (член),
  • проф. д-р Јозеф Лауринчик (член) и
  • проф. д-р Данијела Кировски (член).