Прв академски час

Почитувани бруцоши и идни студенти,

Ни претставува особена чест и задоволсто да Ве поканиме на првиот академски час во учебната 2024/2025 година, кој ќе се одржи на 01.10.2024 година (вторник), во периодот од 10 до 12 часот, на платото во комплексот на општествените науки – пред споменикот на Светите Кирил и Методиј.

На првиот академски час предвидено е да се обратат ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Биљана Ангелова, претседателот на Универзитетското студентско собрание на УКИМ Александар Николовски и министерката за образование и наука на РСМ проф. д-р Весна Јаневска.

Деталната програм за настанот можете да ја погледнете тука.

Следниот ден, на 02.10.2024 год. (среда) со почеток во 09 часот ве очекуваме на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје, во амфитеатар 1 каде ќе се одржи свеченото доделување на индексите и воедно ќе бидете запознаени со студиската програма – Ветеринарна медицина.