Конкурс за упис на студенти на прв и втор циклус интегрирани студии по Ветеринарна медицина – втор уписен рок 2023/2024

Почитувани идни студенти,

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на прв и втор циклус интегрирани студии на студиската програма – Ветеринарна медицина на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ве известуваме дека пријавувањето на кандидатите за ВТОРИОТ уписен рок е на 18 и 19.09.2023 година, со ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО.

Пријавувањето за упис на кандидатите за ВТОРИОТ уписен рок на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје ќе биде во период од 09-14 часот, во Службата за студентски прашања, кога кандидати ги приложуваат следните документи:

  • Пријава за запишување – образец А1 (универзитетски пријавен лист, достапен во книжарници во близина на Факултетот);
  • Електронска пријава (генерирана од iKnow системот – интерен и пријавен лист);
  • Оригинални свидетелства од сите класови;
  • Документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование);
  • Извод од матична книга на родените (оригинал);
  • Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение, оригинал);
  • Потврда (уплатница) за уплатени 300,00 денари на жиро сметка на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, образец ПП 50 (на уплатницата задолжително да има Име и Презиме и ЕМБГ на апликантот);
  • Потврда (уплатница) за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари образец ПП 50;
  • Лична карта или пасош (документ за идентификација на кандидатот на увид).

Преостанати слободни места за вториот уписен рок.

Доколку кандидатот не се запишува лично, лицето кое ќе го запишува треба да донесе полномошно заверено на нотар.

Конкурсот и соопштението за упис на кандидати, можете да ги погледнете тука.