Почитувани студенти,
Ве известуваме дека колоквиумот по предметот Физиологија на животните ќе се одржи на 7 Септември 2023 год. (четврток), со почеток во 11.00 часот во предавална 1. Пријавувањето за колоквиумот е задолжително за сите студенти, а доколку поради технички или други причини не постои можност за пријавување преку линкот, задолжително да се известат предметните наставници по мејл. Рокот за пријавување е до 6 Септември 2023 год. (среда). Услов за полагање на колоквиумите за студентите од академската 2022-23 е да ги имаат валидирано сите извештаи од вежбите од IV семестар преку iLearn.
Завршниот испит ќе се одржи на 4 Септември 2023 год. (понеделник) со почеток од 11 часот во предавална 1. Пријавувањето за колоквиумот е задолжително за сите студенти, а доколку поради технички или други причини не постои можност за пријавување преку линкот, задолжително да се известат предметните наставници по мејл. Рокот за пријавување преку линкот е до 3 Септември 2023 год. (недела).
- Пријава за колоквиумска сесија (7 Септември 2023, 11.00 часот, предавална 1): https://forms.office.com/e/EeN2m9vMQv
- Пријава за испитна сесија (4 Септември 2023, 11.00 часот, предавална 1): https://forms.office.com/e/xHSTeaGehj
Од Катедрата