Повик за учество – Истражувачка група за благосостојба и однесување на животните

Во рамките на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје се формира истражувачка група составена од студенти на додипломски, постдипломски и докторски студии, како и дипломирани млади истражувачи кои се заинтересирани да спроведуваат истражувања од областа на благосостојба и однесување на животните. Членовите на групата ќе имаат можност да спроведуваат истражувачки проекти самостојно или во група и со поддршка од групата да ја презентираат својата работа на релевантни научни собири. Поради интердисциплинарноста на областите, благосостојба и однесување на животните, постојат можности за спроведување на истражувања и анализи од различни аспекти што овозможува да се добредојдени сите заинтересирани независно од примарната стручна дејност, знаење и од кој факултет доаѓаат.

Истражувачката група за благосостојба и однесување на животните ќе соработува и ќе биде дел од UFAW мрежата (Universities Federation for Animal Welfare- https://www.ufaw.org.uk/) од каде ќе добива поддршка за истражувањата на младите истражувачи, а ќе соработува и со други меѓународни асоцијации од областа на благосостојба и однесување на животните.

Состаноците на групата ќе се одржуваат на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје. Се повикуваат сите оние што се заинтересирани да учествуваат во Истражувачката Група за Благосостојба и Однесување на животните да го изразат својот интерес најдоцна до 11-ти Ноември со праќање емаил на Ена Добриќ, ДВМ (e.dobrikj@fvm.ukim.edu.mk) и да достават контакт информации за да бидат повикани на првиот состанок на групата.

доц, д-р Мирослав Ќосевски

Катедра за хигиена на животните и животната средина

Центар за благосостојба на животните

Факултет за ветеринарна медицина – Скопје