Слободни места за ТРЕТ уписен рок за студенти на ФВМ-С во учебната 2017/2018

ТРЕТИОТ уписен рок на студиската програма Ветеринарна медицина на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2017/2018 година, ќе се одржи на 14ти септември 2017 година.

На ФВМ-С има 11 слободни места за прием на нови студенти во државна квота.

Пред поднесувањето на документите кандидатите задолжително треба да се регистрираат на електронски систем на IKNOW.

Поднесувањето на документи ќе се врши на 15ти септември 2017 година во службата на Студентски прашања (тел. 3240 774).

На ФВМ-С можат да се запишат матурантите кои ги имаат положено соодветните екстерни и интерни предмети од матурата, кои се пропишани со Конкурсот, но и матурантите кои имаат несоодветни екстерни и интерни предмети.

Потребни документи за запишување на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје може да ги симнете тука.

Условите, критериумите и начинот на селекција на кандидатите при запишување на интегрираните студии Ветеринарна медицина детално се приложени во Конкурсот на УКИМ.