Конкурс за запишување на студенти на прв + втор циклус интегрирани студии на ФВМ-С во учебната 2021/2022

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на прв и втор интегриран циклус студии на студиската програма Ветеринарна медицина на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2021/2022 година, пријавувањето на кандидатите за ВТОРИОТ уписен рок на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје ќе се одржи на 16.09.2021 и 17.09.2021 година.

Пријавувањето со документи ќе се врши на Студентски прашања, а претходно кандидатите треба веќе да се електронски пријавени во IKNOW системот.

На ФВМ-С, во сите уписни рокови, ќе можат да се запишат матурантите кои ги имаат положено соодветните екстерни и интерни предмети од матурата, кои се пропишани со Конкурсот, но и матурантите кои имаат несоодветни екстерни и интерни предмети. Во согласност со Упатството на УКИМ за примена на Конкурсот, матурантите кои ги немаат положено соодветните екстерни и интерни предмети ќе имаат различна формула за пресметка на поените од матурата и успехот од средно образование.

При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
1. пријава за запишување (образец А1)
2. електронска пријава (од iKnow-системот)
3. оригинални свидетелства од сите класови
4. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
5. извод од матичната книга на родените
6. доказ за државјанство на РМ (уверение или решение)
7. потврда за уплатa:

  • Административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50:Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161;Конто 722313 00)
  • 300 денари на жиро-сметката на факултетот, за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата
    • Уплатница  пп 50 со цел на дознака: за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењатаЗадолжително да стои Име и Презиме на студентот со ЕМБГНазив на примач – Факултет за ветеринарна медицина – СкопјеБанка на примач – НБРСМСметка 100000000063095Износ 300 ден

      Сметка на буџетски корисник единка 1600104561 788 15

      Приходна шифра и програма 723012 41

Кандидатите задолжително ќе добијат автоматска потврда дека електронската пошта е примена и дека пријавата е уредно поднесена.

Важно: Пријавувањето со документи ќе се врши електорнски на следнава адреса upisi-fvm@ukim.edu.mk, со прикачување на документите во полето  Subject , но претходно кандидатите треба  да се електронски пријавени во IKNOW системот со целосно поплнети податоци што им се бараат на линкот: https://www.upisi.ukim.mk/Account/Login.aspx?ReturnUrl=%2f

Факултетот на својата огласна табла ќе ги објави роковите во кои кандидатите ќе треба да ги поденесат оригиналните документи за пријавување и за запишување.

НАПОМЕНА: Електорнската пријава се пополнува со кирилична поддршка!

Условите, критериумите и начинот на селекција на кандидатите при запишување на интегрираните студии Ветеринарна медицина детално се приложени во Конкурсот на УКИМ.