Огласна табла

Известувањa / Соопштенија

Испитот по предметот ОПШТА ПАТОЛОГИЈА ќе се одржи на 19.09.2019 год. со почеток во 10.00 часот.

Испитот по предметот СПЕЦИЈАЛНА ПАТОЛОШКА МОРФОЛОГИЈА ќе се одржи на 20.09.2019 год. со почеток во 10.00 часот.

Испитот по предметот СУДСКА ВЕТЕРИНАРНА МЕДИЦИНА ќе се одржи на 24.09.2019 год. со почеток во 10.00 часот.

Реколоквирање по предметите Општа патологија, Специјална патолошка морфологија и  Судска ветеринарна медицина ќе се одржи на 13.09.2019 год. во 9:15 часот во предавална бр.2 (амфитеатар).

Студентите се должни да се пријават за реколоквирање најдоцна до 12.09.2019 год.

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на прв и втор интегриран циклус студии на студиската програма Ветеринарна медицина на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2018/2019 година, пријавувањето на кандидатите за ВТОРИОТ уписен рок на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје ќе се одржи на 12 и 13 Септември 2019 година.

Пријавувањето со документи ќе се врши на Студентски прашања, а претходно кандидатите треба веќе да се електронски пријавени во IKNOW системот.

На ФВМ-С, во сите уписни рокови, ќе можат да се запишат матурантите кои ги имаат положено соодветните екстерни и интерни предмети од матурата, кои се пропишани со Конкурсот, но и матурантите кои имаат несоодветни екстерни и интерни предмети. Во согласност со Упатството на УКИМ за примена на Конкурсот, матурантите кои ги немаат положено соодветните екстерни и интерни предмети ќе имаат различна формула за пресметка на поените од матурата и успехот од средно образование.

При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
1. пријава за запишување (образец А1)
2. електронска пријава (од iKnow-системот)
3. оригинални свидетелства од сите класови
4. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
5. извод од матичната книга на родените
6. доказ за државјанство на РМ (уверение или решение)
7. потврда за уплатa:
– 300 денари на жиро-сметката на факултетот, за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата
и умеењата

НАПОМЕНА: Електорнската пријава се пополнува со кирилична поддршка!

Условите, критериумите и начинот на селекција на кандидатите при запишување на интегрираните студии Ветеринарна медицина детално се приложени во Конкурсот на УКИМ.

Бројот на стипендиите за учебната 2019/2020 година на Универзитетот изнесува 240 стипендии, распределени по 10 за секој факултет.

Износот на секоја стипендија е во висина на партипацијата утврдена со Конкурсот за соодветниот факултет, односно студиската програма.

Стипендиите се доделуваат само за учебната 2019/2020 година, односно еднократно со намена – уплата на партиципација во трошоците за студиреање.

Одлуката подетално можете да ја превземете тука.

Запишувањето на примените кандидати ќе биде на 11.09.2019 година од 9-14 ч.

1. Индекс и Студентска легитимација (се купуваат во книжара)

2. Формулар за упис на семестар (се купува во книжара)

3. Статистички лист (се подигнува на шалтерот за студентски прашања)

4. Три фотографии ( две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензија 2*3)

5.Уплатница со цел на дознака ИКСА на УКИМ при ФВМС–Скопје (пп50) (информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот Св. Кирил и Методиј  во Скопје)

Назив на примач  Буџет на РСМ – УКИМ – Скопје

Банка на примач НБРСМ

Сметка 100000000063095

Износ 750 денари

Сметка на буџетски корисник единка 1600103689 788 18

Приходна шифра и програма 723012 41

6. Уплатница со цел на дознака Надоместок за студирање за прв семестар (пп50)

Задолжително да стои Име и Презиме на студентот со ЕМБГ

Назив на примач – Факултет за ветеринарна медицина – Скопје

Банка на примач – НБРСМ

Сметка 100000000063095

Износ 100 Евра во денарска противвредност на денот кога се уплатува

Сметка на буџетски корисник единка 1600104561 788 15

Приходна шифра и програма 723012 41

Напомена: Во цел на дознака задолжително да се наведе за кој семестар се уплатува, во спротивно ќе се враќааат уплатниците.

7. Уплатница со цел на дознака Книжен фонд (пп50)

Назив на примач   Факултет за ветеринарна медицина – Скопје

Банка на примач – НБРСМ

Сметка 100000000063095

Износ 300 денари

Сметка на буџетски корисник единка 1600104561 788 15

Приходна шифра и програма 723012 41

8. Уплатница со цел на дознака Персонално осигурување (пп10)

Задолжително да стои Име и Презиме на студентот со ЕМБГ

Назив и седиште на примач ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД СКОПЈЕ

Банка на примач- Комерцијална банка – Скопје

Трансакциска сметка 300000000915910

Износ 200 денари

 

На првите 10 кандидати на конечната ранг листа им е доделена стипендија според Одлука на УКИМ во Скопје (бр.02-557/8 од 23.04.2019 година), со која се ослободуваат од  надомест за студирање за прв и втор семестар во учебната 2019/2020 година.

 

Документот можете да го превземете тука.

Резултати од континуирани проверки

Пријави се за примање на известувања за нови објави од нашата веб страна