Огласна табла

Известувањa / Соопштенија

До:

Вработените на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје

Известување

за превземање мерки за превенција од ширење на Корона вирусот SARS-CoV-2

Врз основа на одлука на Деканатската управа број 0201-731/8 од 11.03.2020 година Кризниот штаб на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје за превенција од ширење на Коронавирусот SARS-CoV-2 на 6. состанок одржан на 23.04.2020 година ги донесе следниве мерки:

  1. Поради превенција од ширењето на Коронавирусот SARS-CoV-2, вработените на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје се должни да носат посебна лична заштита на лицето (маска) во рамки на извршувањето на нивните работни задачи.
  2. Во лабораториите/клиника задолжително е носење на заштитна облека (мантил, маска, ракавици, скафандер, мантил за еднократна употреба и сл.) согласно утврдените процедури и безбедносни протоколи на ФВМС.
  3. Се задолжуваат Раководителите на институти/клиника да доделат заштитни маски на сите вработени кои се обезбедени од ФВМС.
  4. Се забранува влез, движење и престој на секое физичко лица кое влегува како посетител во просториите на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје без лична заштитна опрема согласно точка 1.
  5. Во лабораториите и на останатите работни места на ФВМС дозволено е минимално растојание од најмалку два метри од едно до друго лице.
  6. Се забранува групирање на вработените во лабораториите и другите работни простории во групи повеќе од 5 (пет) лица.
  7. Распоредот на работното време на Факултетот за веетринарна медицина-Скопје се утврдува со почеток помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот, а со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа почнувајќи од 23.4.2020 година.
  8. Вработените на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје кои се работно ангажирани за времетраење на мерките за заштита од ширење и превенција од Коронавирусот SARS-CoV-2, неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година може да го искористат до 31 мај 2020 година, согласно потребите на работниот процес и врз основа на согласност од Раководителот на институт/клиника и по одобрение од раководното лице на Факултетот односно Деканот.
  9. На вработените кои се ослободени од извршување на работа и работни задачи согласно мерките за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID – 19, неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година им се смета за искористен.

Од Кризниот штаб

за превенција од ширење на вирусот Covid-19

Известувањето можете да го превземете тука.

Почитувани колеги,

Согласно Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата територија на Северна Македонија донесена на 36-тата седница на Владата на Република Северна Македонија во насока на справување со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, се известуваат вработените на Факултетот за ветеринарна медицина дека почнувајќи од

8-ми април 2020 година (среда) работното време ќе биде од 8-14 часот.

Мерката ќе се применува до донесување на нови мерки од Владата на Република Северна Македонија

Соопштението можете да го видите тука.

Се известуваат наставниците и студентите на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје дека поради вонредните околности во државата настанати со пандемијата со коронавирусот Министерот за образование и наука наложи организирање на настава од далечина (т.е. е-настава). Поради тоа:

  • ФВМС набави 4 лиценци за користење на платформата ZOOM.US (линкот е https://zoom.us/signin), а наставниците дополнително ќе ги добијат линковите и пасвордите за овие 4 лиценци;
  • На студентите не им требаат лични сметки (акаунти) за е-наставата, туку ќе се вклучуваат во неа преку линковите што наставникот ќе ги испрати до нивните лични е-адреси;
  • доколку имате проблеми со користењто на оваа платформа можете да му се обратите на факултеткиот советник за ИКТ Виктор Денковски;
  • наставата од далечина треба да започне на 23.3.2020 год. (понеделник) според официјалниот распоред (ден, час и предавална);
  • од наставата ќе се одржуваат само предавањата, и евентуално вежбите кај оние предмети каде што се и тие кабинетски или семинарски, додека останатите облици настава (лабораториска, клиничка, теренска) ќе се одржат кога ќе се создадат услови за тоа, на начин кој ќе биде дополнително утврден;
  • се откажуваат предвидените континуирани проверки, а тие ќе бидат одржани кога ќе се создадат услови за тоа, на начин кој ќе биде дополнително утврден;
  • присуството на студентите на наставата од далечина е задолжително.

Известувањето можете да го видите тука.

Наставно-научниот совет на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, на седницата одржана на 13.02.2020 година, формираше Комисија за одбрана на докторскиот труд на кандидатот Мирослав Ќосевски, ДВМ, со наслов: „Идентификување на индикатори за однесување на животните и воспоставување зоохигиенски стандарди од аспект на благосостојбата на животните“, во состав:

  •  проф. д-р Мишо Христовски (претседател)
  •  проф. д-р Влатко Илиески (ментор)
  •  проф. д-р Александар Додовски (член)
  •  проф. д-р Кристоф Винклер (член) и
  •  проф. д-р Лазо Пендовски (член)

Текстот на докторската дисертација може да се преземе на следниот линк (фајл: Докторска дисертација – Мирослав Ќосевски 2020)

Авторезимето на докторската дисертација на македонски јазик можете да го превземете на следниот линк (фајл: Авторезиме – Докторска: Ќосевски)

Авторезимето на докторската дисертација на англиски јазик можете да го превземете на следниот линк (фајл: Summary_Doktorska_Kjosevski_ENG)

Резултати од континуирани проверки

Пријави се за примање на известувања за нови објави од нашата веб страна