Огласна табла

Известувањa / Соопштенија

Се известуваат студентите дека заверката на предметите од зимскиот и запишувањето на предметите од летниот семестар за учебната 2018/2019 година ќе  биде во следниот термин од 04 08.02.2018 година.

Доколку студентот задоцни со заверка и упис  на семестарот, истиот ќе може да го завери и запише и подоцна, но со казнена уплатница од 5оо денари на сметка на ФВМ – Скопје.

Заверката на зимскиот семестар во индекс може да остварат студентите кои ги добиле потписите од предметните професори од предметите кои ги ислушале.

Студентите кои ќе немаат заверен семестар поради неостварен потпис во индекс од предметниот професор,немаат право да запишат нов семестар и ќе мораат да го презапишат предметот со неостварен потпис во наредниот упис на зимски семестар.

Студентите што заверуваат XI семестар, а ќе имаат неположени предмети, во наредниот летен период ги презапишуваат неположените предмети од минатите летни ислушани семестри. Исто така, во наредниот зимски семстар ќе треба да ги презапишат (доколку имаат) заостанати неположени предмети од зимските ислушани семестри.

Студентите од прва година т.е.  што беа први 10 на ранг листата што беа ослободени од надоместок за студирање се ослободени од надоместок и во  летниот семестар, но се останато мора да приложат.

 Документи потребни за заверка на зимскиот и упис на летниот семстар во 2018/2019 година:

Индекс со сите потребни потписи од сите ислушани предмети

Образец за заверка на семестар(пополнет) и уплатена уплатница(во банка)  за администартивна такса од 50 денари

Образец за запишување на семестар(пополнет) и уплатница уплатена (во банка)  за административна такса од 50 денари

Уплатница за надомест за студирање во зависност дали сте запишани во државна квота (100ЕУ)  или со кофинансирање на студиите(200 EУ) на сметка на ФВМ Скопје( во денарска противвредност).

За студентите кои презапишуваат предмети надоместот за студирање изнесува 25 ЕУ во денарска против вредност на сметка на ФВМ Скопје.

 

Пример како се пополнува уплатница ПП50

Цел на дознака  Надомест за студирање за ? семестар.

Назив и седиште на примач:  Буџет на РМ, ФВМ Ск.

Банка на примач:  НБРМ

Трансакциска сметка:  1.000.000.000.63095

Износ во денари: (100 еу или 200 еу или 25 еу) во денарска противвредност

Сметка на корисник:  1600104561 788 15

Приходна шифра и програма:  723012 41

 

Цел на дознака: Административна такса

Назив и седиште на примач: Трезорска сметка, Буџет на РМ

Банка на примач:  НБРМ

Трансакциска сметка:  1.000.000.000.63095

Износ во денари: 50 денари

Уплатна сметка:  840 ??? 03161

Приходна шифра и програма:  722313 00

 

Напомена: Студентите  кои треба да отслушаат предмет поради неостварено право на потпис, истиот го презапишуваат предметот према Ценовникот на ФВМ Скопје  за предметна програма за додипломски студии. Презапишаниот неотслушан предмет, студентот наставата е должен да ја прати во соодветниот семестар за да оствари право на потпис, односно за да може да го завери соодветниот семестар.

Напомена: Сите студенти во прва година мора да имаат печат од систематски преглед во индексот, во спротивно нема да можат да запишат семестар.

Сите студенти при уписот на семестарот ќе треба да пополнат и анкетен лист.

Јавна одбрана на дипломскиот труд под наслов: Алтерации на лабораториските параметри при
хиперадренкортицизам кај кучиња, изработен од Бесмире Ќазими, број на индекс 1197, на ден
21.12.2018 во 12 часот, во просториите на предавална 2. Јавната одбрана ќе се изврши пред

Комисијата во состав:

1. доц. д-р Ирена Целеска (ментор)
2. проф. д-р Игор Улчар (член)
3. проф. д-р Ромел Велев (член)

Продекан за настава,
проф. д-р Игор Улчар

Одлуката и известувањето можете да ги видите овде.

Се известуваат студентите дека пријавувањето на испити за  првиот испитен рок ќе трае од

17.12.-21.12.2018 година.

За да се пријави испит потребно е  Пријава за испитот ( се купува во книжара) и уплатница  од 50 денари (уплатена во банка или пошта) за секоја пријава.

Пример

со цел на дознака За Административна такса (образец пп50)

Назив на примач – Буџет на РМ – ФВМ-Скопје

Банка на примач – НБРМ

сметка 100000000063095

Износ 50 денари

уплатна сметка  840 177 03161

Приходна шифра и програма  722313

Ве молам навремено да ги доставите пријавите.

Соопштението можете да го видите тука.

Со почит,

Марија Николиќ

Советник за студентски прашања

Во согласност со одлуката на Наставно – научниот совет на ФВМ-С бр. 0202-1921 од 21.11.2018 година, соопштуваме дека

На ден 10.12.2018 година (понеделник) со почеток во 12 часот во просториите на ФВМ-С во Скопје, во предавална бр. 2, Башак Кучукчакан Николовска, јавно ќе ја брани докторската дисертација под наслов:

Споредбена анализа на ектракциски методи на охратоксин А од животински ткива и нивна селективна примена при квантитавна проценка кај примероци со географско потелко од Р. Македонија“.

Соопштението можете да го видите тука.

Докторската дисертација можете да ја видите тука.

Резултати од континуирани проверки

Не се пронајдени написи.

Пријави се за примање на известувања за нови објави од нашата веб страна