СПФВМС

Студентски Парламент на Факултет за Ветеринарна медицина – Скопје е здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на студентите, независно од нивната национална, верска, полова припадност и заради остварување и вршење на активности со цел застапување на заеднички интереси пред Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, Студентскиот интеруниверзитетски парламент и органите на Република Македонија, јавноста и јавното мислење.
Студентски Парламент на Факултет за Ветеринарна медицина – Скопје, како здружение на граѓани, своите цели, задачи и дејности ќе ги остварува во согласност со односите уредени со Уставот на Република Македонија, како и со други законски акти кои ја регулираат материјата од оваа област. Студентскиот парламент е активно вклучен во управувањето на факултетот со претставник во деканатската управа и три члена во наставно-научниот совет, како и различни комисии.

<h$>Основни цели и задачи на Здружението се:

– Истражување во областа на образованието, без разлика на национална, верска и социјално економска припадност.
– Истражување, развој и афирмација на образовните програми за младите луѓе преку нивните индивидуални способности и посебности.
– Зближување на младите луѓе со помош на образовни програми и со цел за нивна по голема кооперативност и соработка во иднина.
– Организација на семинари, предавања, спортски приредби, концерти, натпревари, со цел подобро истражување и развој на образованието за групите на млади луѓе со посебни потреби.
– Истражување, развој и афирмација на образовните програми за граѓани на Република Македонија преку нивните индивидуални способности и посебности.
– Зближување на граѓаните на Република Македонија со помош на образовни програми и со цел за нивна по голема кооперативност и соработка во иднина.
– Организација на семинари, предавања, спортски приредби, концерти, натпревари, со цел подобро истражување и развој на образованието за граѓаните на Република Македонија од етничките заедници застапени во Република Македонија.
– Помагање и посредување на граѓаните на Република Македонија преку нивните индивидуални способности и посебности.
– Подпомагање на размената на средношколци и студенти помеѓу држави и летни и зимски размени на млади луѓе со цел за подобро запознавање, истражување и развој во образованието на другите народи.
– Здружението особено се залага преку истражуваење и донесување на план за развој за сузбивање на наркоманијата, алкохолизмот, трафикот на жени, проституцијата, малолетничката деликвенција и сите други антисоцијални и патолошки појави, преку:
– Посебни образовни програми наменети за граѓани на Република Македонија кои се борат против социопатолошките појави.
– Организација на трибини и акции за борба против социопатолошките појави
– Формирање на млад тим на луѓе кој ќе работи на превенција на социопатолошките појави и едукација на граѓаните на Република Македонија како и на посебни групи на граѓани т.е. младите луѓе и деца.
– Организирање на советувалиште за граѓани на Република Македонија како и на посебни групи на млади кои се борат против социопатолошките појави.

Своите цели и задачи Здружението ќе ги остварува преку:

– остварување на конкретни програмски активности;
– спроведување на заеднички проекти на членовите;
– организација на трибини ,советувања, натпревари, спортски манифестации, концерти, изложби и сл;
– организација на летни и зимски трансфери на млади луѓе од една во друга земји со странски и домашни невладини и владини организации;
– Основање клубови во другите градови во Република Македонија но и во другите држави;
– Соработка со организации, институции од хуманитарен, научен, културен, спортски и едукативен карактер;
– Вршење на други работи во согласност со уставот и законот на Република Македонија.

Во здружението членува секој член кој ги прифаќа целите и програмите на здружението.

Основни принципи за работа на Здружението се:

Почитување на автономијата , самостојноста и иницијативноста на секој член на здружението
Рамноправоност и еднаквост на остварувањето на правата и обврските на секој член на здружението.
Еднаквост во слободата, правата и обврските на секој член без разлика на полот, расата, бојата на косата, национално и социјално потекло, политичко и верско уверување, имотна и општествена положба
Заради остварување на своите програмски цели и задачи , Здружението стекнува и средства и располага со нив во согласност со Статутот и Законите.

Студентскиот парламент на ФВМС организира и Ветеринијади, спортски натпревари, конгреси , работни посети во земјите од Балканот(Хрватска, БиХ, Србија) со редовно учество на студенти од нашиот факултет. До сега СПФВМС може да се пофали со бројка од околу 200 студенти од нашиот факултет кои учествувале во активностите на нашата организација. Во склоп на нашата организација функционира екипата за футсал мажи и екипата за кошарка мажи. Нашите екипи се репрезентативно облечени во дресови со обележјата на нашиот факултет. Благодарение на соработката која ја имаме со нашиот декан , успеавме во остварувањето на сите наши активности.

Сите студенти активно може да се вклучат во работата на нашата организација и да допринесат за подобра афирмација на нашиот парламент и факултет.

Раководството на Студентскиот парламент на Факултетот за Ветеринарна медицина го сочинуваат следниве студенти:

Ѓорѓе Кочeв – Претседател на СПФВМС
Мартин Делев – подпретседател
Саша Трендов – подпретседател
Јована Мојсоска – член на ННС
Ивана Арсовска – член на ННС