За нас
Факултет за ветеринарна медицина - Скопје
Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје врши наставно-образовна, научно-истражувачка и апликативна дејност од областа на ветеринарната медицина.
Дејноста на ФВМ-С се остварува преку организирање студии, пренесување на знаења, развој и промоција на образованието и науката во ветеринарното здравство во Македонија, развој на креативните способности, подготвување на студентите за професијата доктор по ветеринарна медицина за кое е потребно стручно знаење и способност за научен пристап во работата, поттикнување на технолошкиот развој во ветеринарството и градење позиции за иднината.
Покрај грижата за здравјето на животните, Факултетот игра значителна улога и во јавното здравство и тоа преку обезбедување здрава и квалитетна храна од анимално потекло. Во својата апликативна дејност, ФВМ исто така е фокусиран и кон имплементација и одржување на стандардите за квалитет ИСО 17 025, со цел услугите за задоволување на барањата на клиентите да бидат на значително повисоко професионално ниво.


Секој ден на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје е како благослов со активните студенти и талентираните членови на персоналот.
проф. д-р Лазо Пендовски— Декан
Факултетот за ветеринарна медицина - Скопје на прв поглед
Мисија
Мисијата на ФВМ-С се остварува со организирање едукација, трансфер на знаење, развивање и промоција на нови стручно-научни сознанија во ветеринарното здравство во Република Македонија, развој на креативни способности, подготвување на студентите за професијата доктор по ветеринарна медицина, што, покрај професионалното знаење, бара и научен пристап кон работата, промовирајќи го технолошкиот напредок на ветеринарната професија, со што се градат позиции за иднината.
Визија
Визијата на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје е да биде акредитирана
високообразовна установа (ЕАЕВЕ-акредитирана установа) за образование на доктори по ветеринарна медицина (интегрирани студии од прв и втор циклус), за образование на наставни и научни кадри од областа на ветеринарната медицина и на безбедноста на храната, како и национално и меѓународно етаблирана наставно-научна установа со научно-истражувачката и применувачката дејност, континуираното образование, меѓуинституциската и меѓународната соработка.
Нашите Главни вредности
Целта на ФВМ-С е континуиран развој со унапредување на наставната, научноистражувачката и применувачката дејност, при што, со воспоставување на систем на контрола на квалитетот, ќе се постигне гаранција за подобрување на резултатите на основните дејности на Факултетот. Сите три главни облици на дејноста (наставната, научно-истражувачката и применувачката) да бидат во сообразност со европските норми и стандарди, водејќи сметка за сопствените специфичности кои произлегуваат од потребите на ветеринарната професија во Република Македонија.