Архива на Новости

Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје успешно ја реализираше летната екстрамурална пракса за студентите од Академијата за ветеринарна медицина во Санкт Петербург, Русија и Факултетот за ветеринарна медицина од Истанбул, Турција, во периодот од 01-12 јули 2019 година. Студентите реализираа практична настава од предклинички и клинички науки во Универзитетската ветеринарна болница, во лабораториите на Ветеринарниот Институт, Институтот за храна и Институтот за репродукција и биомедицина. Деканот на ФВМ-С, Проф.   д-р Лазо Пендовски на студентите им додели сертификати за успешно реализирана летна екстрамурална пракса.

Видео од случувањата за време на Денови на вашето милениче 2019 организирано од IVSA – Скопје

На 4 Јули 2019 година делегација од Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје, предводена од Деканот проф. д-р Лазо Пендовски, продеканот за наука и меѓународна соработка проф. д-р Зехра Х. Муслиу и раководителот на Институтот за храна проф. д-р Деан Јанкулоски, остварија посета на Факултетот за земјоделство и ветеринарство од Универзитетот во Приштина, каде е потпишан билатерален договор за соработка во областа на едукацијата и науката помеѓу двете институции.

Договорот опфаќа студиски престој на наставен кадар, мобилност на студенти, размена на научен кадар за изведување на истражувања и консултации, тренинг на млад научен кадар, организирање на заеднички семинари, работилници и летни школи, подржување на капацитетите за публицирање на научни трудови и др.

Потпишувањето на договорот е потврда за блиската соработка која постои помеѓу Факултетите во изминатите години, која добива се поголем интензитет и се продлабочува во полето на наставата и науката, овозможувајќи јакнење и подигнување на капацитетите на двата Факултета

На 11.05 (сабота) и 12.05 (недела) ќе се одржи едукативен настан “ДЕНОВИ НА ВАШЕТО МИЛЕНИЧЕ 2019“, организиран од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје и Интернационална Ветеринарна Студентска Асоцијација Скопје, и поддржан од град Скопје. Настанот е наменет за секој одговорен сопственик, љубител или активист за животни! Целта на настанот е да се промовира одговорно сопствеништво преку едукација за правилна грижа и нега на милениците и информирање на јавноста за актуелни проблеми и заболувања кои се јавуваат кај домашните миленици.

На 11.05 (сабота), настанот ќе се одржи ВО АВАВ ХЕПИ ДОГ, првиот центар за миленици, каде ќе се одржат и кратки едукативни предавања, од страна на професори при ФВМ-С и доктори по Ветеринарна медицина, со што ќе се опфатат актуелните теми за милениците, како “Што е Кастрација/Стерилизација и кога е правилен избор?”  “Влијанието на телесната тежина врз благосостојбата на домашните миленици”, “Како да ги заштитиме милениците од екто/ендопаразити” и “Прва помош при труење”.

На 12.05 (недела), настанот ќе се одржи во ПАРКОТ ЗА МИЛЕНИЦИ – ГРАДСКИ ПАРК СКОПЈЕ. На самиот настан ќе бидат поставени повеќе информативни штандови каде присутните ќе имаат можност да се информираат/советуваат за одговорно сопствеништво на повеќе теми: Микрочипирање, Вакцинација, Правилна исхрана, Кастрација/Стерилизација, Брахицефаличен синдром, Вектор и вектор-преносливи болести и  Прва помош при труење. Исто така, ќе има и детско катче каде што ќе се анимираат, едуцираат и забавуваат децата. Предвидено е да има и игри наменети за сопствениците на милениците.

Во втората половина на месец Март 2019 година на Катедрата за болести на птиците при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје како стручњак од практика  учество во наставата зема Маријан Таневски, доктор по ветеринарна медицина од компанијата Авифор Скопје. Маријан Таневски, двм одржа две практични предавања во рамките на предметот болести на птиците за студентите од петта година, Одгледување и патологија на родителски јата и Технолошки постапки во инкубаторска станица и најчести проблеми во инкубацијата. Потоа, се реализираше и посета на инкубаторската станица Авифор каде што студентите се запознаа со сите аспекти на организацијата и процесите во инкубаторска станица.

Во периодот 1-3.04.2019 година на Катедрата за болести на птиците при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје престојуваше визитинг наставник проф. д-р Данијела Хорватек Томиќ од Заводот за болести на живината со клиника при Ветеринарниот факултет во Загреб, Хрватска.  Проф. д-р Данијела Хорватек-Томиќ ги одржа следните предавања во рамките на наставата по предметот болести на птиците за студентите од петта година:

Понеделник (1.04.2019):

  1. Кампилобактер во примарно производство на живината
  2. Кламидиоза
  3. Цревни вирози кај живината

Вторник (2.04.2019):

  1. Класификација на птици – домашни миленици
  2. Одгледување и исхрана на птици – домашни миленици
  3. Превентивна нега на птици – домашни миленици

Среда (3.04.2019):

  1. Апергилоза
  2. Кокцидиоза
  3. Ектопаразитози

На 14 март 2019 година во официјална посета на лабораториските капацитети на ФВМ-С престојуваа експерти на Светската Здравствена Организација (СЗО). Експертскиот тим беше од мисијата за надворешна евалуација за имплементација на меѓународниот здравствен правилник во соработка со Министерството за здравство и Светската здравствена организација, регионална канцларија за Европа. За време на мисијата тим од експерти од Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје учествуваше во составување на одговори по прашалникот за Самоевалуацијата за меѓународниот здравствен правилник за поедини области со цел евалуација на здравствениот систем на Република Македонија. При оваа посета експертите од СЗО остварија средба со деканот на факултетот проф. д-р Лазо Пендовски и членови на деканатската управа и експерти од Факултетот задолжени за спроведување на активности од областа на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните. Посетата беше искористена за преставување на лабораториските и техничките капацитети на ФВМ-С како интегрален дел од здравствениот систем на нашата земја. При посетата уште еднаш беше нагласено дека ФВМ-С во целост ги става на располагање својте капацитети за успешната имплементација на одредбите oд меѓународниот здравствен правилник со цел понатамошно унапредување на состојбите во државата.

На 8 март 2019 година на Факултетот за ветеринарна медицна-Скопје е остварена средба со претседателот на Европската Федерација на Ветеринари  (FVE) д-р Рафаел Лагуенс придружуван од претседателот на Ветеринарната комора  д-р Томислав Николовски.

Деканот на ФВМС, проф. д-р Лазо Пендовски ја презентираше улогата на Факултетот во создавањето на новите кадри во државата и притоа ги нагласи можностите и капацитетите со кои располага Факултетот а со цел достигнувања на стандардите на  ЕАЕВЕ (Европската Асоцијација на Ветринарни Естаблишменти).

Д-р Рафаел Лагуенс ја изрази подготвеноста и отворената подршка на Европската Федерација на Ветеринари  (FVE) зеедно со останатите нинституции одговорни за ветеринарната едукација во Европа (ЕАЕВЕ и ОИЕ) да ги помогнат процесите за меѓународна акредитација на ФВМ-С која е заложба и стратешка цел на Факултетот.

По кратката средба, д-р Рафаел Лагуенс ги посети капацитетите во кои Факултетот ја реализира својата високообразовна дејност од областа на ветеринарната медицина, контролата на квалитетот и безбедноста на храната и благосостојбата и репродукцијата кај животните. Исто така беше посетена и Универзитетската ветеринарана болница во која студентите на ФВМС, идните доктори по ветеринарна медицина се здобиваат со знаења и вештини за грижа за здравјето кај домашните миленици.

Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин во придружба на аташето за култура, образование, наука и спорт при Амбасадата, Михаил Крапива оствариja работна посета на Факултетот за ветеринарана медицина.

На средбата со деканот на Факултетот за ветеринарана медицина, проф. д-р Лазо Пендовски,  Деканатската управа на Факултетот и почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, Амбасадорот беше информиран за соработката на Факултетот со двата најголеми Ветеринарни универзитети во Руската Федерација – Универзитетот во Москва и Универзитетот во Санкт Петербург, која се реализира преку заедничкото учество во работата на EAEVE и VetIstanbul групата, како и размената на студенти меѓу институциите која ќе започне во септември 2019 год. Исто така беше разговарно и за идеите за соработка меѓу Факултетот за ветеринарна медицина и Россељхознадзор во областа на контролата на квалитетот и безбедноста на храната, што е од интерес не само на двете институци, туку и на двете држави. По кратката средба, амбасадорот ги посети лабораториите во кои Факултетот ја реализира својата научна и апликативна дејност од областа на ветеринарната медицина и контролата на квалитетот и безбедноста на храната.

Центарот за благосостојба при Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје е овластена институција од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство да врши обука спроведува испит и да издава уверение за компетентност за возачите и надзорниците за превоз на живи животни и да врши обука на лица од собирни центри и добиточни пазари. Овластување од Агенција за храна и ветеринарство.

За таа цел Центарот за благосостојба на животните има изготвено програма за обука со која слушателите ќе се здобијат со соодветна стручна подготовка за основните постапки и методи на товарење, истоварање, превоз, сместување, фиксирање и ракување со животните. Обуката е наменета за лица кои вршат надзор на товарење истоварање, лица кои вршат превоз на живи животни како и за одгледувачите одговорни за подготовка на животните за транспорт. Обуката е во согласност со националната законска регулатива и основните правила за благосостојба кај животните.

Програма за обуката 

Информативна брошура за заштита и благосостојба на животните за време на превоз 

Онлајн барање за обука на персонал за превоз на живи животни

* Барањето можете да го пополните онлајн или да го приложите на лице место во две копии.   >>>Превземи барање<<<

** Во прилог треба да донесете копија од лична карта или скенирана да ја прикачите тука со барањето.

    Подносител на барањето:

    1. Од Центарот за Благосостојба на животните, Факултетот за Ветеринарна Медицина – Скопје барам да се извршат обуки за Благосостојба на животните, легислатива на РМ за благосостојба на животните, процедури за за основните постапки и методи на припрема на животните за транспорт, товарење, истоварање, превоз, сместување, фиксирање и ракување со животните наменета за лица кои вршат надзор на товарење истоварање, лица кои вршат превоз на живи животни како и за одгледувачите одговорни за подготовка на животните за транспорт


    Повеќе информациите за постапката за регистрација и за термините за одржување на обуката и спроведување на испитот може да се добијат на е-маил:  blagosostojba@fvm.ukim.edu.mk или на телефонскиот број: + 389 2 3240 700 локал 761 Раководител на центарот за благосостојба на животните Проф. д-р Влатко Илиески

    Пријави се за примање на известувања за нови објави од нашата веб страна

    [email-subscribers namefield=”YES” desc=”” group=”Public”]