Архива на Известувања

С О О П Ш Т Е Н И Е

          Испитот по предметот ОПШТА ПАТОЛОГИЈА ќе се одржи на 27.06.2019 год. со почеток во 10.оо часот.

Испитот по предметот СПЕЦИЈАЛНА ПАТОЛОШКА МОРФОЛОГИЈА ќе се одржи на 28.06.2019 год. со почеток во 10.оо часот.

Испитот по предметот СУДСКА ВЕТЕРИНАРНА МЕДИЦИНА ќе се одржи на 26.06.2019 год. со почеток во 10.оо часот.

Реколоквирање по предметите Општа патологија, Специјална патолошка морфологија и  Судска ветеринарна медицина ќе се одржи на 25.06.2019 год. во 10:00 часот во предавална бр.2 (амфитеатар).

Студентите се должни да се пријават за реколоквирање најдоцна до 24.06.2019 год.

Почитувани студенти ,

Пријавувањето на испити за август-септември ќе биде првата недела од јули од 01-05.07.2019 година.

Со почит,

Марија Николиќ
Советник за студентски прашања

„Наставно-научниот совет  на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, на седницата одржана на 10.05.2019 година, формираше Комисија за оцена на докторската дисертација на кандидатот Мартин Николовски, ДВМ, со наслов ,,Зголемување на криопрезервацискиот капацитет на ејакулатни медиуми за овчеполска праменка со употреба на семинална плазма и глутатион“, во состав:

    • проф. д-р Владимир Петков (претседател),
    • проф. д-р Тони Довенски (ментор),
    • вонреден проф. д-р Флорина Поповска Перчиниќ (член),
    • проф. д-р Јозеф Лауринчик (член) и
  • проф. д-р Данијела Кировски (член).
  • Авторезимето на докторската дисертација на англиски јазик можете да го превземете на следниот линк (фајл: PhD resume text, Nikolovski, M., 2019)

Се известуваат студентите дека полагањето на испитот ХИСТОЛОГИЈА со ЕМБРИОЛОГИЈА во ЈУНСКИОТ испитен рок ќе се одржи  во следните термини:

  • 7.06.2019 во 10.00 ч.
  • 28.06.2019 во 10.00 ч.

Напомена: Студентите се должни најдоцна два дена пред полагањето да се пријават кај предметниот професор.

Од катедрата.

Јавна одбрана на дипломскиот труд под наслов: Заостанување на плацентата-постелката (Retentio Secundinarum) кај млечни крави, изработен од Дејан Цветковски, број на индекс 1008, на ден 10.06.2019 година во 11 часот, во просториите на предавална 2.

Јавната одбрана ќе се изврши пред Комисијата во состав:

1. проф. д-р Тони Довенски (ментор)
2. доц. д-р Бранко Атанасов (член)
3. доц. д-р Никола Адамов (член)

Продекан за настава,
проф. д-р Игор Улчар

Одлуката и известувањето можете да ги видите овде.

Испитот по хемија во јунската испитна сесија ќе се одржи на:

13.06.2019 г. во 12.00ч. во Предавална 1 – Стехиометрија

17.06.2019 г. во 12.00ч. во Предавална 1 – Хемија

За испитот по стехиометрија студентите задолжително да носат калкулатор.

Соопштение.

Се известуваат професорите, соработниците и студентите на ФВМ-С дека во академската 2019/2020 година преку програмата за размена на професори, соработници и студенти – CEEPUS, може да конкурираат на Факултетите за ветеринарна медицина дадени во соопштението.

Истото можете да го погледнете детално тука.

Се известуваат студентите на ФВМ-С при УКИМ во Скопје дека според член 92 од Правилникот за условите, критериумите, правилата и постапката  за запишување и студирање на прв циклус студии (дипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на УКИМ во Скопје (Универзитетски гласник бр. 417 од 29.01.2019 год.) барањата за издавање управни и реални акти, согласно со Законот за општата и управната постапка, односно барањата за остварување заштита на правата и правните интереси на студентите подлежат на административна такса согласно со Законот за административни такси, освен барањата за издавање оригинали – уверенија оригинал-дипломи за завршени студии, како и за други дејствија за кои не се плаќа такса согласно со закон.

Пријавите за испит и орасците за запишување и за заверка на семестар не подлежат на административна такса.

 Соопштението можете да го превземете тука.

Продекан за настава

проф. д-р Игор Улчар

Заверката на летниот семестар во учебната 2018/2019 година ќе  биде од 03.06.2019 – 07.06.2019 година.

Потребни документи за заверка се:

  1. Индекс со сите собрани потписи од предметните професори за тековниот семестар

Се известуваат студентите дека пријавувањето на испити за мајско- јунската сесија ќе трае од 16.05.-23.05.2019 година.

За да се пријави испит потребно е  Пријава за испитот ( се купува во книжара) и уплатница  од 50 денари (уплатена во банка или пошта) за секоја пријава.

Пример

со цел на дознака За Административна такса (образец пп50)

Назив на примач – Буџет на РМ – ФВМ-Скопје

Банка на примач – НБРМ

сметка 100000000063095

Износ 50 денари

уплатна сметка  840 177 03161

Приходна шифра и програма  722313

Ве молиме навремено да ги доставите пријавите.