Врз основа на позитивните оценки на сите три члена на Комисијата за прегледување и оценување на напишаниот дипломски труд (Одлука на продеканот за настава бр. 0901-1780 од 07.10.2019) продеканот за настава одобрува и закажува
ЈАВНА ОДБРАНА
на дипломскиот труд под наслов: Фитоканабиноиди и нивната потенцијална примена кај домашните миленици, изработен од Сара Тодоровска, број на индекс 1246, на ден 16.10.2019 година во 13.30 часот, во просториите на предавална 2. Јавната одбрана ќе се изврши пред Комисијата во состав:
1. проф. д-р Ромел Велев (ментор)
2. проф. д-р Мишо Христовски (член)
3. проф. д-р Ирена Целеска(член)
Одлуката и соопштението можете да ги видите тука.
Врз основа на позитивните оценки на сите три члена на Комисијата за прегледување и оценување на напишаниот дипломски труд (Одлука на продеканот за настава бр. 0901-1769 од 04.10.2019) продеканот за настава одобрува и закажува
ЈАВНА ОДБРАНА
на дипломскиот труд под наслов: Разработување на модел за одгледување на афрички сом во рециркулаторен систем, изработен од Марија Шик, број на индекс 1166, на ден 15.10.2019 година во 12 часот, во просториите на предавална 2. Јавната одбрана ќе се изврши пред Комисијата во состав:
1. проф. д-р Мишо Христовски (ментор)
2. проф. д-р Владимир Петков (член)
3. проффф. Д-р Ромел Велев (член)
Одлуката и соопштението можете да ги видите тука.
Врз основа на позитивните оценки на сите три члена на Комисијата за прегледување и оценување на напишаниот дипломски труд (Одлука на продеканот за настава бр. 0901-1773 од 04.10.2019) продеканот за настава одобрува и закажува
ЈАВНА ОДБРАНА
на дипломскиот труд под наслов: Етиолошки фактори за настанување, дијагностика и третман на дислокација на абомазус кај говеда, изработен од Мартин Аксентиев, број на индекс 1228, на ден 18.10.2019 во 13 часот, во просториите на предавална 2. Јавната одбрана ќе се изврши пред Комисијата во состав:
- проф. д-р Дине Митров (ментор)
- проф. д-р Игор Улчар (член)
- доц. д-р Игор Џаџовски (член)
Соопштението и одлуката можете да ги видите тука.
Врз основа на позитивните оценки на сите три члена на Комисијата за прегледување и оценување на напишаниот дипломски труд (Одлука на продеканот за настава бр. 0901-1754 од 02.10.2019) продеканот за настава одобрува и закажува
ЈАВНА ОДБРАНА
на дипломскиот труд под наслов: Значење на цитолошката дијагностика во дерматологија кај малите животни, изработен од Лина Накевска, број на индекс 1247, на ден 10.10.2019 година во 12 часот, во просториите на предавална 2. Јавната одбрана ќе се изврши пред Комисијата во состав:
- проф. д-р Ирена Целеска (ментор)
- проф. д-р Игор Улчар (член)
- проф. д-р Трпе Ристоски (член)
Соопштението и одлуката можете да ги погледнете тука.
Се известуваат професорите, соработниците и студентите на ФВМ-С дека во академската 2019/2020 година, летен семестар, преку програмата за размена на професори соработници и студенти – CEEPUS, може да конкурираат на ФВМ-С.
Листата на слободни места за конкурирање и самото соопштение можете да го погледнете тука.
Запишувањето на примените кандидати ќе биде на 30.09.2019 година од 9-14 ч.
- Индекс и Студентска легитимација (се купуваат во книжара)
- Формулар за упис на семестар (се купува во книжара)
- Статистички лист (се подигнува на шалтерот за студентски прашања)
- Три фотографии ( две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензија 2*3)
- Уплатница со цел на дознака ИКСА на УКИМ при ФВМС–Скопје (пп50) (информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје)
Назив на примач Буџет на РСМ – УКИМ – Скопје
Банка на примач НБРСМ
Сметка 100000000063095
Износ 750 денари
Сметка на буџетски корисник единка 1600103689 788 18
Приходна шифра и програма 723012 41
6. Уплатница со цел на дознака Надоместок за студирање за прв семестар (пп50)
Задолжително да стои Име и Презиме на студентот со ЕМБГ
Назив на примач – Факултет за ветеринарна медицина – Скопје
Банка на примач – НБРСМ
Сметка 100000000063095
Износ 100 Евра во денарска противвредност на денот кога се уплатува
Сметка на буџетски корисник единка 1600104561 788 15
Приходна шифра и програма 723012 41
Напомена: Во цел на дознака задолжително да се наведе за кој семестар се уплатува, во спротивно ќе се враќааат уплатниците.
7. Уплатница со цел на дознака Книжен фонд (пп50)
Назив на примач Факултет за ветеринарна медицина – Скопје
Банка на примач – НБРСМ
Сметка 100000000063095
Износ 300 денари
Сметка на буџетски корисник единка 1600104561 788 15
Приходна шифра и програма 723012 41
8.Уплатница со цел на дознака Персонално осигурување (пп10)
Задолжително да стои Име и Презиме на студентот со ЕМБГ
Назив и седиште на примач ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД СКОПЈЕ
Банка на примач- Комерцијална банка – Скопје
Трансакциска сметка 300000000915910
Износ 200 денари
Објавена е ранг листата од третиот уписен рок. Можете да ја погледнете тука.
При прјавувањето за запишување на кандидатите на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, кандидатите ги поднесуваат следните документи во следните рокови.
Пријавувањето на кандидатите во третиот уписен рок е на 25.09.2019 година од 09-14 ч.
Пријавувањето со документи ќе се врши во Службата за Студентски прашања, но претходно кандидатите треба да се електронски пријавени во IKNOW системот со целосно поплнети податоци што им се бараат на линкот даден подолу
https://www.upisi.ukim.mk/Account/Login.aspx?ReturnUrl=%2f
Информациите се истакнати и на страницата на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје
http://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=186&glavno=40
и на страницата на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје
Потребни документи за пријавување се:
-пријава за запишување ( образец А1,се купува во книжара )
- електронска пријава (испечатена од IKNOW системот )
- оригинални свидетелства од сите класови
- документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование, не се примаат кандидати со завршена училишна матура)
- извод од матичната книга на родените
- доказ за државјанство на РСМ ( уверение или решение )
- потврда за уплата на 300 денари на жиро – сметката на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, образец ПП 50 (на уплатницата задолжително да има Име и Презиме и ЕМБГ на апликантот)
Примач: Факултет за ветеринарна медицина во Скопје
Банка: НБРСМ
Трезорска сметка: 1.000.000.000.63095
износ: 300 денари
Сметка на буџетски корисник единка: 1600104561 788 15
приходна шифра и програма: 723012 41
Цел на дознака: за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата
– лична карта или пасош ( документ за идентификација на кандидатот)
Припадниците на безбедносните сили и други категории на лица утврдени со Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Северна Македонија и членовите на нивните семејства, како и лицата утврдени со одредбата од чл. 23 од истиот Закон (Сл. весник на РМ бр. 2/02, 17/03, 30/04 и 66/07), во учебната 2019/20, ќе се запишуваат надвор од државната квота без плаќање партиципација, односно кофинансирање, под услови за запишување утврдени во овој Конкурс, а нивниот број може да изнесува најмногу до 10% од вкупниот број студенти на соодветната студиска програма. Правото од претходниот став кандидатите го остваруваат при пријавувањето, со документ од Министерството за одбрана или од Министерството за внатрешни работи. Дополнително доставување документ за кандидатите кои се запишуваат во прва година не се зема предвид.
Високообразовната установа нема да наплатува партиципација за:
– деца без родители до 26-годишна возраст, доколку се невработени;
– лица од прв и втор степен на инвалидност;
– воени инвалиди и
– лица растени во домови за напуштени деца до 26-годишна возраст, доколку се невработени.
Овие кандидати се запишуваат надвор од квотата, најмногу до 10% од вкупниот број редовни студенти на соодветниот факултет утврден во Конкурсот.
Средствата за партиципација на овие лица ќе се покриваат од Буџетот на Република Северна Македонија.
Забелешка: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, се препорачува кандидатите претходно да направат преписи од документите за свои потреби и да ги заверат на нотар.
Запишувањето на примените кандидати е на 30.09.2019 година од 09 -14 часот.