Архива на Известувања

Испитот по предметот СУДСКА ВЕТЕРИНАРНА МЕДИЦИНА ќе се одржи на 25 i 26.06.2020 god. со почеток во 10.оо часот.

Реколоквирање по предметoт Судска ветеринарна медицина ќе се одржи на 22 и 23.06.2020 год. во 10:00 часот во предавална бр.2 (амфитеатар).

Студентите се должни да се пријават електронски најдоцна до 19.06.2020 год. на следната адреса: igjurovski@fvm.ukim.edu.mk

Поради следење на препораките поврзани со состојбата со корона вирусот ќе се изврши подлба на студентите во зависност од бројот на пријавени. Секој од студентите ќе биде известен во кој ден ќе полага.

Факултетското студентско собрание при Факултет за ветеринарна медицина, во соработка со Факултетските студентски собранија на Факултетот за земјоделски науки и храна, Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ и Комисија за наука – УСС-УКИМ,
имаат чест и задоволство да Ве поканат да земете учество на Првата студентска конференција за Глобални климатски промени (СКГКП), која ќе се одржува на 29 и 30 октомври 2020 година, во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна.

ПОВИК ЗА ТРУДОВИ


До:

Вработените на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје

Известување

за превземање мерки за превенција од ширење на Корона вирусот SARS-CoV-2

Врз основа на одлука на Деканатската управа број 0201-731/8 од 11.03.2020 година Кризниот штаб на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје за превенција од ширење на Коронавирусот SARS-CoV-2 на 6. состанок одржан на 23.04.2020 година ги донесе следниве мерки:

  1. Поради превенција од ширењето на Коронавирусот SARS-CoV-2, вработените на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје се должни да носат посебна лична заштита на лицето (маска) во рамки на извршувањето на нивните работни задачи.
  2. Во лабораториите/клиника задолжително е носење на заштитна облека (мантил, маска, ракавици, скафандер, мантил за еднократна употреба и сл.) согласно утврдените процедури и безбедносни протоколи на ФВМС.
  3. Се задолжуваат Раководителите на институти/клиника да доделат заштитни маски на сите вработени кои се обезбедени од ФВМС.
  4. Се забранува влез, движење и престој на секое физичко лица кое влегува како посетител во просториите на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје без лична заштитна опрема согласно точка 1.
  5. Во лабораториите и на останатите работни места на ФВМС дозволено е минимално растојание од најмалку два метри од едно до друго лице.
  6. Се забранува групирање на вработените во лабораториите и другите работни простории во групи повеќе од 5 (пет) лица.
  7. Распоредот на работното време на Факултетот за веетринарна медицина-Скопје се утврдува со почеток помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот, а со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа почнувајќи од 23.4.2020 година.
  8. Вработените на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје кои се работно ангажирани за времетраење на мерките за заштита од ширење и превенција од Коронавирусот SARS-CoV-2, неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година може да го искористат до 31 мај 2020 година, согласно потребите на работниот процес и врз основа на согласност од Раководителот на институт/клиника и по одобрение од раководното лице на Факултетот односно Деканот.
  9. На вработените кои се ослободени од извршување на работа и работни задачи согласно мерките за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID – 19, неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година им се смета за искористен.

Од Кризниот штаб

за превенција од ширење на вирусот Covid-19

Известувањето можете да го превземете тука.

Почитувани колеги,

Согласно Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата територија на Северна Македонија донесена на 36-тата седница на Владата на Република Северна Македонија во насока на справување со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, се известуваат вработените на Факултетот за ветеринарна медицина дека почнувајќи од

8-ми април 2020 година (среда) работното време ќе биде од 8-14 часот.

Мерката ќе се применува до донесување на нови мерки од Владата на Република Северна Македонија

Соопштението можете да го видите тука.

Се известуваат наставниците и студентите на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје дека поради вонредните околности во државата настанати со пандемијата со коронавирусот Министерот за образование и наука наложи организирање на настава од далечина (т.е. е-настава). Поради тоа:

  • ФВМС набави 4 лиценци за користење на платформата ZOOM.US (линкот е https://zoom.us/signin), а наставниците дополнително ќе ги добијат линковите и пасвордите за овие 4 лиценци;
  • На студентите не им требаат лични сметки (акаунти) за е-наставата, туку ќе се вклучуваат во неа преку линковите што наставникот ќе ги испрати до нивните лични е-адреси;
  • доколку имате проблеми со користењто на оваа платформа можете да му се обратите на факултеткиот советник за ИКТ Виктор Денковски;
  • наставата од далечина треба да започне на 23.3.2020 год. (понеделник) според официјалниот распоред (ден, час и предавална);
  • од наставата ќе се одржуваат само предавањата, и евентуално вежбите кај оние предмети каде што се и тие кабинетски или семинарски, додека останатите облици настава (лабораториска, клиничка, теренска) ќе се одржат кога ќе се создадат услови за тоа, на начин кој ќе биде дополнително утврден;
  • се откажуваат предвидените континуирани проверки, а тие ќе бидат одржани кога ќе се создадат услови за тоа, на начин кој ќе биде дополнително утврден;
  • присуството на студентите на наставата од далечина е задолжително.

Известувањето можете да го видите тука.

Наставно-научниот совет на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, на седницата одржана на 13.02.2020 година, формираше Комисија за одбрана на докторскиот труд на кандидатот Мирослав Ќосевски, ДВМ, со наслов: „Идентификување на индикатори за однесување на животните и воспоставување зоохигиенски стандарди од аспект на благосостојбата на животните“, во состав:

  •  проф. д-р Мишо Христовски (претседател)
  •  проф. д-р Влатко Илиески (ментор)
  •  проф. д-р Александар Додовски (член)
  •  проф. д-р Кристоф Винклер (член) и
  •  проф. д-р Лазо Пендовски (член)

Текстот на докторската дисертација може да се преземе на следниот линк (фајл: Докторска дисертација – Мирослав Ќосевски 2020)

Авторезимето на докторската дисертација на македонски јазик можете да го превземете на следниот линк (фајл: Авторезиме – Докторска: Ќосевски)

Авторезимето на докторската дисертација на англиски јазик можете да го превземете на следниот линк (фајл: Summary_Doktorska_Kjosevski_ENG)

Врз основа на позитивните оценки на сите три члена на Комисијата за прегледување и оценување на напишаниот дипломски труд (Одлука на продеканот за настава бр. 0901-254 од 20.02.2020) продеканот за настава одобрува и закажува

ЈАВНА ОДБРАНА

на дипломскиот труд под наслов: Фармацевтска примена на наноматеријалите во ветеринарна медицина и нивната потенцијална токсичност, изработен од Никола Гогу, број на индекс 1261, на ден 02.03.2020 година во 12.00 часот, во просториите на предавална 2. Јавната одбрана ќе се изврши пред Комисијата во состав:

1. проф. д-р Ромел Велев (ментор)
2. проф. д-р Мишо Христовски (член)
3. проф. д-р Ирена Целеска (член)

Одлуката и соопштението можете да ги видите тука.

За учебната 2019/20 година се распишува оглас за дополнителен избор на 8 демонстратори како помошници во наставно-образовниот процес на прв и втор цилкус интегрирани студии на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје.

Огласот можете да го превземете тука.

Се известуваат студентите дека заверката на предметите од зимскиот и запишувањето на предметите од летниот семестар за учебната 2019/2020 година ќе  биде во следниот термин од 03 февруари до 12 февруари 2020 година. Летниот семестар за почнува на 17 февруари 2020 година.

Доколку студентот задоцни со заверка и упис  на семестарот, истиот ќе може да го завери и запише и подоцна, но со казнена уплатница од 5оо денари на сметка на ФВМ – Скопје.

Заверката на зимскиот семестар во индекс може да остварат студентите кои ги добиле потписите од предметните професори од предметите кои ги ислушале.

Студентите кои ќе немаат заверен семестар поради неостварен потпис во индекс од предметниот професор,немаат право да запишат нов семестар и ќе мораат да го презапишат предметот со неостварен потпис во наредниот упис на зимски семестар.

Студентите што заверуваат XI семестар, а ќе имаат неположени предмети, во наредниот летен период ги презапишуваат неположените предмети од минатите летни ислушани семестри. Исто така, во наредниот зимски семстар ќе треба да ги презапишат (доколку имаат) заостанати неположени предмети од зимските ислушани семестри.

Студентите од прва година т.е.  што беа први 10 на ранг листата што беа ослободени од надоместок за студирање се ослободени од надоместок и во  летниот семестар, но се останато мора да приложат.

Документи потребни за заверка на зимскиот и упис на летниот семстар во 2019/2020 година:

Индекс со сите потребни потписи од сите ислушани предмети

Образец за заверка на семестар(пополнет)

Образец за запишување на семестар(пополнет)

Уплатница за надомест за студирање во зависност дали сте запишани во државна квота (100ЕУ)  или со кофинансирање на студиите(200 EУ) на сметка на ФВМ Скопје( во денарска противвредност).

За студентите кои презапишуваат предмети надоместот за студирање изнесува 25 ЕУ во денарска против вредност на сметка на ФВМ Скопје.

Пример како се пополнува уплатница ПП50:

Цел на дознака  Надомест за студирање за ? семестар.

Назив и седиште на примач:  Буџет на РМ, ФВМ Ск.

Банка на примач:  НБРМ

Трансакциска сметка:  1.000.000.000.63095

Износ во денари: (100 еу или 200 еу или 25 еу) во денарска противвредност

Сметка на корисник:  1600104561 788 15

Приходна шифра и програма:  723012 41

 

Напомена: Студентите  кои треба да отслушаат предмет поради неостварено право на потпис, истиот го презапишуваат предметот према Ценовникот на ФВМ Скопје  за предметна програма за додипломски студии. Презапишаниот неотслушан предмет, студентот наставата е должен да ја прати во соодветниот семестар за да оствари право на потпис, односно за да може да го завери соодветниот семестар.

Испитот по Хемија во јануарско-феврураската испитна сесија ќе се одржи на:

  • 07.02.2020 год. во 10:00 часот во предавална 1 – Стехиометрија
  • 15.02.2020 год. во 10:00 часот во предавална 1 – Хемија

За испитот по Хемија студентите задолжително да носат калкулатор.

Соопштението можете да го видите тука.