Гостување на визитинг-професори на ФВМ-С

Известување за студентите на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје
Се известуваат студентите на ФВМС дека следната седмица, на 13, 15, 16 и 17 ноември 2017 година на нашиот Факултет ќе гостуваат следниве визитнг-професори:

– проф. д-р Данијела Кировски од Факултетот за ветеринарна медицина во Белград, на предметот Физиологија на животните (III семестар) во предавална 2 од 9 до 12 часот;

– проф. д-р Тадеј Маловрх од Ветеринарниот факултет во Љубљана, на предметот Имунологија (III семестар) во предавална 2 од 12 до 15 часот;

– проф. д-р Вања Крстиќ од Факултетот за ветеринарна медицина во Белград, на предметот Внатрешни болести на домашни миленици и копитари (VII семестар) во предавална 3 од 9 до 12 часот;

На овие предавања можат да присуствуваат и студенти од други студиски години, доколку имаат слободен термин.
На 14 ноември ќе нема настава, поради одбележувањето на јубилејот „90 години ветеринарна наука и едукација“.

Известувањето можете да го видите тука.