Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на прв и втор интегриран циклус студии на студиската програма Ветеринарна медицина на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2017/2018 година, пријавувањето на кандидатите за ПРВИОТ уписен рок на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје ќе се одржи на 17 и 18ти август 2017 година.

На Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, во ПРВИОТ уписен рок има слободни места за 35 студенти во редовна квота и 15 студенти со кофинасирање.

Пријавувањето со документи ќе се врши на Студентски прашања, а претходно кандидатите треба веќе да се електронски пријавени во IKNOW системот.

На ФВМ-С, во сите уписни рокови, ќе можат да се запишат матурантите кои ги имаат положено соодветните екстерни и интерни предмети од матурата, кои се пропишани со Конкурсот, но и матурантите кои имаат несоодветни екстерни и интерни предмети. Во согласност со Упатството на УКИМ за примена на Конкурсот, матурантите кои ги немаат положено соодветните екстерни и интерни предмети ќе имаат различна формула за пресметка на поените од матурата и успехот од средно образование.

Потребните документи потребни за запишување на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје се дадени во делот Потребни документи.


iknow

Условите, критериумите и начинот на селекција на кандидатите при запишување на интегрираните студии Ветеринарна медицина детално се приложени во Конкурсот на УКИМ.