Archive of News

Деканот проф. д-р Лазо Пендовски оствари официјална средба со Министерот г-дин Љупчо Николовски од Министерството за земјоделство шумараство и водостопанство, во просториите на Факултетот. На средбата на министерот му беше доделана плакета и благодарница за доприносот во развојот на дејностите на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.

Министерството за земјоделство, шумараство и водостопанство е еден од најголемите партнери на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје а во изминатите години остваруваат успешна соработка на полето на безбедност и квалитет на храната. Со поддршка на Министерството преку програмата за рурален развој, Факултетот за ветеринарна медицина набави софистицирана аналитичка лабораториска опрема за контрола на квалитетот и безбедност на храна.

Успешната соработка е  и на полето на едукација каде по иницијатива на министерот Николовски, а во соработка со Министерството за образование и наука и деканот Пендовски, Владата донесе одлука за доделување на стипендии за студенти запишани на додипломски студии на ветеринарниот факултет, со месечна стипендија од 18.000 денари за девет месеци во годината.

Со директната и долгогодишната соработка МЗШВ  успешно придонесува во развојот на македонската ветеринарна професија.

На 3.10.2022 година на  Деканот на Факултетот за ветеринарна медицина проф. д-р Лазо Пендовски, ја отвори новата учебна година со свечено доделување на индексите на новите студенти – бруцоши и накратко го презентира начинот на изведување на наставната програма.

Деканот им го честиташе уписот на новите студенти на првот школски час со обраќање на студентите дека во текот на следните пет-ипол години Факултеот ќе стане нивнот втор дом и затоа да студираат со ентузијазам а со нивното активно учество на предавањата и вежбите, од ден на ден, ќе стануваат се побогати со нови знаења и искуства и ќе ја градат својата способност и професионализам достојно носејќи го звањето доктор по ветеринарна медицина.

Деканот проф. Пендовски во своето обраќање кон студентоте им порача дека професорите од Факултете ќе им озовозможат да стекнат знаења и вештини и ќе ги подготват да се носат со предизвиците на модерното време во кое заеднички како ветеринрана фела ќе дејствуваме во полето на ветеринарната медицина.

На настанот присуствуваа професорите и соработничкиот кадар на Факултетот кои на новите студнети непосредно им ги пренесоа начиноти обликот на кој ќе се одвива наставниот процес на Факултеот.

На Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје, Институт за храна во Лабораторија за молекуларни анализи на храна и ГМО, во периодот 26-27 септември 2022 година беше одржана лабораториска обука со наслов Real-Time PCR method for Listeria monocytogenes frontline characterizationод страна на Sandrine Te и Karine Capitaine преставници од EURL Listeria monocytogenes, ANSES, Парис, Франција. Лабораториската обука беше продолжение од теоретската обука дел од научниот собир Денови на ветеринарна медицина 2022 година која се одржа во Охрид 22-25 септември 2022 година. Во текот на обуката беа изведени повеќе активности за екстракција на бактериска ДНК, молекуларна серотипизација и определување на 30те најзначајни клонални комплекси со примена на real-time PCR. Со овој тренинг лабораторијата успешно имплементираше и валидираше молекуларен метод со кој се врши дискриминација со висока специфичност помеѓу изолатите на Listeria monocytogenes со цел следење на овој патоген. Обуката ќе придонесе за понатамошно проширување на соработката со EURL L. monocytogenes (ANSES) и вклучување во мрежата на лаборатории кои ја испитуваат генетската разновидност на оваа бактерија во југо-источниот дел на Европа.

Foreign Students

APPLICATION OF CANDIDATES

Terms

31.08.21 – 01.09.2021

Required documents for application

● Application form;
● Decision on recognition of certificates of secondary education obtained abroad, issued by the Ministry of Education and Science of the Republic of Macedonia; contact: +389 2 3140 102; (www.mon.gov.mk);
● original diploma for finished secondary education;
● Anotarized official translation of birth certificate;
● copy of passport;
● certificate of passed test in Macedonian language as a foreign language (TEMAK), issued by the Center for testing and Certifying Macedonian as a Foreign/Second Language (CETIS MAK) medical certificate, issued by the Public health institution – Health post of the Ss. Cyril and Methodius University in Skopje;

ENROLLMENT

Required documents for enrollment

● 3 photos: 2 – (3,5х4,5) и 1 – (2х3);
● payment for the first term scholarship;

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти  на  втор циклус студии на  ФВМ-Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2022/2023 година на  студиската програма Безбедност и квалитет на храна (специјалистички студии), пријавувањето на кандидатите за ПРВИОТ уписен рок на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје ќе се одржи од 19.09.2022 до 27.9.2022  година.

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.

На 20 јуни 2022 година деканот на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје проф. д-р Лазо Пендовски потпиша Договор за билатерална соработка во областа на ветеринарната медицина со деканот на Факултетот за ветеринарна медицина од Белград проф. д-р Милорад Мириловиќ и Договор за научна и техничка соработка со Институтот за хигиена и технологија на месо од Белград преставуван од директорката проф. д-р Весна Ѓорѓевиќ.

Со потпишувањето на договорот со Факултетот за ветеринарна медицина од Белград се потврди и унапреди долгогодишната соработка помеѓу двата Факултета во областа на образовнието, науката и здравственат заштита на животните. Договорот опфаќа размена на наставници, научници и студенти, заедничко спроведување и унапредување на студиската програма по ветеринарна медицина според прописите на ЕУ, заедничко спроведување на специјалистички студии,  развој на научни проекти, спроведување на перманентни курсеви за доктори по ветеринарна медицина и организација на конференции, работилници и летни школи.

Договорот за научна и техничка соработка со Институтот за хигиена и технологија на месо од Белград ја унапредува соработката во лабораториските активности на двете институции и предвидува примена на заеднички научно-истражувачки, научно-технички, апликативни и развојни истражувања и тестирања со методолошки и образовни активности. Со договорот се воспоставуваат протоколи за изнаоѓање на взаемни научни и стручни решенија за проблемите поврзани со применети и развојни истражувања како и за заедничка научна и техничка соработка базирана на развој на методи за тестирања од апликативен и научен аспект.

Потпишаните договори се потврда за постоечката и успешна децениска соработка која постои помеѓу јавните институции во регионот а кои се витални за јакнење на државните капацитети кои се од јавен интерес и се есенцијални за развој на секоја држава.

Се известуваат студентите на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје дека Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” објави конкурс за доделување стипендии за индивидуална мобилност во летниот семестар на академската 2022/2023 година преку програмата ЕРАЗМУС+ K103.  Конкурсот трае до 5 октомври 2022.

  • Потребните документи за аплицирање, како и сите дополнителни информации се дадени во Конкурсот

На 27.05.2022 година во организација на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје во соработка со Македонските ограноци на Светското здружение за наука во живинарството и Светската ветеринарна живинарска асоцијација се одржа собир Презентација на резултати од проектни активности во живинарството.

Од страна на доц. д-р Мирослав Ќосевски и проф. д-р Александар Додовски, на собирот беа презентирани добиените резултати од завршениот проект Мониторинг, морфолошка и молекуларна идентификација и филогенетска карактеризација на црвената вошка (Dermanyssus gallinae) во живинарските фарми во Република Македонија финансиран од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Со реализацијата на овој проект засегнатите страни добија информации за застапеноста и инфестацијата на ЦВЖ во македонските фарми, но и со знаења од областа на континуираниот мониторинг и современите практики за контрола на популацијата на ЦВЖ во живинарските фарми. Исто така, проектот обезбеди добра основа за отворање на нови превентивни и биосигурносни национални програми и протоколи во живинарските фарми.

На собирот беа презентирани и резултатите од тековниот проект Надзор и молекуларна епидемиологија на авијарните парамиксовируси и вирусите на авијарната инфлуенца во Кина и Македонија – билатерален проект со Универзитетот во Џилин, Кина финансиран од страна на МОН. Во рамките на досегашните истражувања се анализираа повеќе стотици примероци од различни видови и категории на птици од целата територија на Македонија додека во рамките на пасивниот мониторинг беа откриени три жаришта на Њукастелската болест и две жаришта на авијарната инфлуенца. Со напредни генетски анализи се утврди потеклото на вирусите и нивната вируленција што може да послужи за подобра подготвеност при идни епидемии. Имајќи ги во предвид сознанијата добиени за вирусот се дадоа препораки на надлежните ветеринарни власти за модификација на вакциналниот програм против Њукастелската болест особено кај бројлерски јата со што во иднина ќе се овозможи подобрена заштита против оваа болест.

Покрај презентациите на нашиот кадар, свое излагање имаше и проф. д-р Данијела Хорватек Томиќ од Ветеринарниот факутлет во Загреб на тема Актуелна ситуација со живинарството во Хрватска.

Научните истражувања овозможија Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје како научна установа да биде дел од актуелните глобалните научни текови и европската мрежа на релеватни научни институции. Со овој собир резултатите од овие проекти покрај нивната научна вредност станаа достапни и за стопанството и надлежните органи.

Програмата, на собирот може да ја погледнете на следниот линк.

На ден 31.05.2022 на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје се одржа Промотивна работилница за Меѓународна Мобилност, на која беа претставени Програмите за мобилност, како ERASMUS, CEEPUS, Меѓународна соработка на факултетот, како и активностите на студентите при студенските организации. Свои обраќања имаа Деканот на Факултетот, Продеканите, Раководителите на програмите за мобилност, како и корисниците на тие програми кои преку споделените искуства дадоа насоки за идните кoрисници на програмите. На работилницата присуствуваа студенти од додипломските студии на факултетот и докторанди на докторските студии при ФВМС. Оваа работилница е составен дел од работата на Одборот за меѓународна соработка при ФВМС која придонесе кон промоција на мобилноста помеѓу студентите, докторандите, научниот и наставно-научниот кадар на факултетот.

Subscribe for our announcements

[email-subscribers namefield=”YES” desc=”” group=”Public”]