Archive of Announcements

Врз основа на позитивните оценки на сите три члена на Комисијата за прегледување и оценување на напишаниот дипломски труд (Одлука на продеканот за настава бр. 0901-1754 од 02.10.2019) продеканот за настава одобрува и закажува

 

ЈАВНА ОДБРАНА

на дипломскиот труд под наслов: Значење на цитолошката дијагностика во дерматологија кај малите животни, изработен од Лина Накевска, број на индекс 1247, на ден 10.10.2019 година во 12 часот, во просториите на предавална 2. Јавната одбрана ќе се изврши пред Комисијата во состав:

  1. проф. д-р Ирена Целеска (ментор)
  2. проф. д-р Игор Улчар (член)
  3. проф. д-р Трпе Ристоски (член)

Соопштението и одлуката можете да ги погледнете тука.

Се известуваат студентите од Прва година дека предавањата по предметот Биостатистика ќе се одржат во вторник 08.10.2019 год. од 10 – 11:00 часот во Предавална 2.

Првите вежби ќе се одржат по договор со проф. д-р Василка Попоска Треневска за време на предавањата.

Се известуваат професорите, соработниците и студентите на ФВМ-С дека во академската 2019/2020 година, летен семестар, преку програмата за размена на професори соработници и студенти – CEEPUS, може да конкурираат на ФВМ-С.

Листата на слободни места за конкурирање и самото соопштение можете да го погледнете тука.

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат студентите од прва година дека на 1 октомври 2019 год. (вторник) во 11:00 часот во предавлна 2 (амфитетатар) на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје ќе се одржи првиот академски час, на кој што деканот, проф. д-р Лазо Пендовски, свечено ќе ги додели индексите.

Запишувањето на примените кандидати ќе биде на 30.09.2019 година од 9-14 ч.

  1.  Индекс и Студентска легитимација (се купуваат во книжара)
  2. Формулар за упис на семестар (се купува во книжара)
  3. Статистички лист (се подигнува на шалтерот за студентски прашања)
  4. Три фотографии ( две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензија 2*3)
  5. Уплатница со цел на дознака ИКСА на УКИМ при ФВМС–Скопје (пп50) (информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот Св. Кирил и Методиј  во Скопје)

Назив на примач  Буџет на РСМ – УКИМ – Скопје

Банка на примач НБРСМ

Сметка 100000000063095

Износ 750 денари

Сметка на буџетски корисник единка 1600103689 788 18

Приходна шифра и програма 723012 41

6. Уплатница со цел на дознака Надоместок за студирање за прв семестар (пп50)

Задолжително да стои Име и Презиме на студентот со ЕМБГ

Назив на примач – Факултет за ветеринарна медицина – Скопје

Банка на примач – НБРСМ

Сметка 100000000063095

Износ 100 Евра во денарска противвредност на денот кога се уплатува

Сметка на буџетски корисник единка 1600104561 788 15

Приходна шифра и програма 723012 41

Напомена: Во цел на дознака задолжително да се наведе за кој семестар се уплатува, во спротивно ќе се враќааат уплатниците.

7. Уплатница со цел на дознака Книжен фонд (пп50)

Назив на примач   Факултет за ветеринарна медицина – Скопје

Банка на примач – НБРСМ

Сметка 100000000063095

Износ 300 денари

Сметка на буџетски корисник единка 1600104561 788 15

Приходна шифра и програма 723012 41

8.Уплатница со цел на дознака Персонално осигурување (пп10)

Задолжително да стои Име и Презиме на студентот со ЕМБГ

Назив и седиште на примач ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД СКОПЈЕ

Банка на примач- Комерцијална банка – Скопје

Трансакциска сметка 300000000915910

Износ 200 денари

Објавена е ранг листата од третиот уписен рок. Можете да ја погледнете тука.

При прјавувањето за запишување на кандидатите на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, кандидатите ги поднесуваат следните документи во следните рокови.

Пријавувањето на кандидатите во третиот уписен рок е на 25.09.2019 година од 09-14 ч.

Пријавувањето со документи ќе се врши во Службата за  Студентски прашања, но претходно кандидатите треба  да се електронски пријавени во IKNOW системот со целосно поплнети податоци што им се бараат на линкот даден подолу

https://www.upisi.ukim.mk/Account/Login.aspx?ReturnUrl=%2f

 Информациите се истакнати  и на страницата на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје

http://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=186&glavno=40

и на страницата на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје

http://fvm.ukim.edu.mk/

Потребни документи за пријавување се:

-пријава за запишување ( образец А1,се купува во книжара )

  • електронска пријава (испечатена од IKNOW системот )
  • оригинални свидетелства од сите класови
  • документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование, не се примаат кандидати со завршена училишна матура)
  • извод од матичната книга на родените
  • доказ за државјанство на РСМ ( уверение или решение )
  • потврда за уплата на 300 денари на жиро – сметката на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, образец ПП 50 (на уплатницата задолжително да има Име и Презиме и ЕМБГ на апликантот)

Примач: Факултет за ветеринарна медицина во Скопје

Банка: НБРСМ

Трезорска сметка: 1.000.000.000.63095

 износ: 300 денари

 Сметка на буџетски корисник единка: 1600104561  788   15

 приходна шифра и програма: 723012   41

 Цел на дознака: за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата

 –  лична карта или пасош ( документ за идентификација на кандидатот)

Припадниците на безбедносните сили и други категории на лица утврдени со Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Северна Македонија и членовите на нивните семејства, како и лицата утврдени со одредбата од чл. 23 од истиот Закон (Сл. весник на РМ бр. 2/02, 17/03, 30/04 и 66/07), во учебната 2019/20, ќе се запишуваат надвор од државната квота без плаќање партиципација, односно кофинансирање, под услови за запишување утврдени во овој Конкурс, а нивниот број може да изнесува најмногу до 10% од вкупниот број студенти на соодветната студиска програма.  Правото од претходниот став кандидатите го остваруваат при пријавувањето, со документ од Министерството за одбрана или од Министерството за внатрешни работи. Дополнително доставување документ за кандидатите кои се запишуваат во прва година не се зема предвид.

 Високообразовната установа нема да наплатува партиципација за:

 –  деца без родители до 26-годишна возраст, доколку се невработени;

 –  лица од прв и втор степен на инвалидност;

 –  воени инвалиди и

 –  лица растени во домови за напуштени деца до 26-годишна возраст, доколку се невработени.

 Овие кандидати се запишуваат надвор од квотата, најмногу до 10% од вкупниот број редовни     студенти  на соодветниот факултет утврден во Конкурсот.

Средствата за партиципација на овие лица ќе се покриваат од Буџетот на Република Северна Македонија.

Забелешка: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, се препорачува кандидатите претходно да направат преписи од документите за свои потреби и да ги заверат на нотар.

 

Запишувањето на примените кандидати е на 30.09.2019 година од 09 -14 часот.

Објавена е конечната ранг листа од вториот уписен рок. Можете да ја погледнете тука.

За учебната 2019/2020 година се распишува оглас за избор на 19 демонстратори како помошници во наставно-образовниот процес на прв и втор циклус интегрирани студии на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, и тоа на:

  1. Ветеринарен институт
  2. Институт за храна
  3. Институт за репродукција и биомедицина

Условите и начинот за пријавување можете да ги погледнете подетално во самиот оглас.

Прелиминарната листа од вториот уписен рок е објавена и можете да ја погледнете тука.