Archive of Announcements

Испитот по предметот ОПШТА ПАТОЛОГИЈА ќе се одржи на 1 и 8.07.2020 год. со почеток во 10.00 часот во микроскопската училница.

Пријавување за испит до 22.6.2020.

Испитот по предметот СУДСКА ВЕТЕРИНАРНА МЕДИЦИНА ќе се одржи на 3 и 10.07.2020 год. во 10:00 часот во компјутерската училница.

Пријавување за испит до 1.7.2020.

Реколоквирање по предметите Општа патологија и  Судска ветеринарна медицина ќе се одржи на 25 и 26.06.2020 год. во 10:00 часот.

Студентите се должни за реколоквирање да се пријават електронски најдоцна до 22.06.2020 год. на следната адреса: igjurovski@fvm.ukim.edu.mk

Поради следење на препораките поврзани со состојбата со корона вирусот ќе се изврши подлба на студентите во зависност од бројот на пријавени. Секој од студентите ќе биде известен во кој ден ќе полага.

Согласно Одлуката на наставно-научниот совет на Факултетот, донесена на 16 јуни 2020 година за спроведување на наставните активности за периодот од јуни до септември 2020, се известуваат студентите дека наставата и испитите ќе се реализираат според насоките дадени во Одлуката.


Истата можете да ја превземете тука.

Се известуваат студентите што ќе полагаат испит Биостатистика:
Истиот ќе се одржи на ден 29.06.2020 Понеделник во 11.00 часот
Студентите што ќе полагаат треба да се пријават на следниов линк:
Пријава за испит Биостатистика 29.06.2020

За дополнителни прашања обратете се на следнава адреса:
vasilka@fvm.ukim.edu.mk

Согласно Одлуката на наставно-научниот совет на Факултетот, донесена на 16 јуни 2020 година за спроведување на наставните активности за периодот од јуни до септември 2020, се известуваат студентите дека наставата и испитите ќе се реализираат на следниот начин:
1.  Биологија на клетка. Студентите кои сакаат да полагаат
практичен испит, да го контактираат предметниот асистент и ќе им биде овозможено полагање онлајн;
2.  Биохемија. Студентите кои предметот го слушале во академската
2019/2020 и немаат реализирано практична настава, да го контактираат предметниот асистент, за реализација на практичната настава онлајн во демонстрациска форма. Согласно Одлуката, наставата ќе биде реализирана во месеците јуни, јули и август. Сите студенти што сакаат да полагаат практичен испит, исто така да го контактираат асистентот и ќе им биде овозможено онлајн полагање;
3.  Клиничка биохемија. Студентите кои сакаат да полагаат практичен испит, да го контактираат професорот и ќе им биде овозможено онлајн полагање.

Студентите кои ќе полагаат практичен испит, во договор со асистентите, да го завршат полагањето на практичниот испит најдоцна до 1 јули 2020 година.

Завршните испити ќе се реализираат онлајн. Најдоцна до 1 јули до 16.00 ч. студентите кои ќе полагаат завршен испит да се пријават кај
професорот, заради изготвувањето на распоред за полагање.

Контакти:
lozenka@yahoo.com
stefan.jovanov10@yahoo.com
velimirstojkovski@gmail.com

Почитувани колешки и колеги,
Ве известуваме дека согласно новите мерки донесени од страна на Кризниот штаб на ФВМС според кои е решено ДА НЕ СЕ ОРГАНИЗИРААТ ИСПИТИ СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО НА СТУДЕНТИТЕ, поради актуелната епидемиолошка состојба во земјата, испитите по предметите Општа Патологија и Судска Ветеринарна медицина се откажуваат. Оваа препорака ќе важи се додека епидемиолошката состојба не се подобри, по што ќе бидете дополнително известени за новите термини.

Испитот по предметот ОПШТА ПАТОЛОГИЈА ќе се одржи на 2 и 3.07.2020 гоф. со почеток во 10.00 часот.

Реколоквирање по предметoт ОПШТА ПАТОЛОГИЈА ќе се одржи на 29 и 30.06.2020 год. во 10:00 часот во предавална бр.2 (амфитеатар).

Студентите се должни да се пријават електронски најдоцна до 26.06.2020 год. на следната адреса: igjurovski@fvm.ukim.edu.mk

Поради следење на препораките поврзани со состојбата со корона вирусот ќе се изврши подлба на студентите во зависност од бројот на пријавени. Секој од студентите ќе биде известен во кој ден ќе полага.

Испитот по предметот СУДСКА ВЕТЕРИНАРНА МЕДИЦИНА ќе се одржи на 25 i 26.06.2020 god. со почеток во 10.оо часот.

Реколоквирање по предметoт Судска ветеринарна медицина ќе се одржи на 22 и 23.06.2020 год. во 10:00 часот во предавална бр.2 (амфитеатар).

Студентите се должни да се пријават електронски најдоцна до 19.06.2020 год. на следната адреса: igjurovski@fvm.ukim.edu.mk

Поради следење на препораките поврзани со состојбата со корона вирусот ќе се изврши подлба на студентите во зависност од бројот на пријавени. Секој од студентите ќе биде известен во кој ден ќе полага.

Факултетското студентско собрание при Факултет за ветеринарна медицина, во соработка со Факултетските студентски собранија на Факултетот за земјоделски науки и храна, Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ и Комисија за наука – УСС-УКИМ,
имаат чест и задоволство да Ве поканат да земете учество на Првата студентска конференција за Глобални климатски промени (СКГКП), која ќе се одржува на 29 и 30 октомври 2020 година, во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна.

ПОВИК ЗА ТРУДОВИ


До:

Вработените на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје

Известување

за превземање мерки за превенција од ширење на Корона вирусот SARS-CoV-2

Врз основа на одлука на Деканатската управа број 0201-731/8 од 11.03.2020 година Кризниот штаб на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје за превенција од ширење на Коронавирусот SARS-CoV-2 на 6. состанок одржан на 23.04.2020 година ги донесе следниве мерки:

  1. Поради превенција од ширењето на Коронавирусот SARS-CoV-2, вработените на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје се должни да носат посебна лична заштита на лицето (маска) во рамки на извршувањето на нивните работни задачи.
  2. Во лабораториите/клиника задолжително е носење на заштитна облека (мантил, маска, ракавици, скафандер, мантил за еднократна употреба и сл.) согласно утврдените процедури и безбедносни протоколи на ФВМС.
  3. Се задолжуваат Раководителите на институти/клиника да доделат заштитни маски на сите вработени кои се обезбедени од ФВМС.
  4. Се забранува влез, движење и престој на секое физичко лица кое влегува како посетител во просториите на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје без лична заштитна опрема согласно точка 1.
  5. Во лабораториите и на останатите работни места на ФВМС дозволено е минимално растојание од најмалку два метри од едно до друго лице.
  6. Се забранува групирање на вработените во лабораториите и другите работни простории во групи повеќе од 5 (пет) лица.
  7. Распоредот на работното време на Факултетот за веетринарна медицина-Скопје се утврдува со почеток помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот, а со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа почнувајќи од 23.4.2020 година.
  8. Вработените на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје кои се работно ангажирани за времетраење на мерките за заштита од ширење и превенција од Коронавирусот SARS-CoV-2, неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година може да го искористат до 31 мај 2020 година, согласно потребите на работниот процес и врз основа на согласност од Раководителот на институт/клиника и по одобрение од раководното лице на Факултетот односно Деканот.
  9. На вработените кои се ослободени од извршување на работа и работни задачи согласно мерките за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID – 19, неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година им се смета за искористен.

Од Кризниот штаб

за превенција од ширење на вирусот Covid-19

Известувањето можете да го превземете тука.