Архива на Новости

Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје е одликуван со медал за сеќавање и благодарница за успешна соработкана 100 годишнот јубилеј од основањето на Ветеринарниот факултет при Универзитетот во Загреб. Наградата на свечената академија ја прими деканот на ФВМС проф. д-р Лазо Пендовски, кој од името на вработените му честита на проф. д-р Ненад Турк, декан на Ветеринарниот факултет во Загреб и на наговиот тим за постигнатите успеси на оваа престижна високообразовна институција, лидер во ветеринарната медицина во регионот и пошироко во југоисточна Европа.

Како гаранција за своите заложби за унапредување на своите применувачки активности, Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје, достави барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за овластување на Лабораторија за вршење на анализа и суперанализа на сурово млеко.

По извршениот надзор од страна на комисија од МЗШВ за исполнување на условите од член 138 став 2 од Закон за квалитет на земјоделски производи  (Сл. Весник на Република С. Македонија бр. 140/10 со измени и дополнувања) утврдено е дека Факултетот ги исполнува условите за стекнување на статус на овластена лабораторија за вршење на анализи и супер-анализи на сурово млеко.

Со ова решение се зголемуваат одговорностите на Лабораторијата за контрола на квалитетот на сурово млеко чиј персонал уште повеќе ќе се посвети на секојдневните предизвици со кои се среќава секторот за производство на млеко во Северна Македонија.

Истовремено, ја известуваме јавноста дека набавен е нов автоматизиран инструмент за утврдување на хемискиот состав на суровото млеко (масти, протеини, лактоза, сува материја, уреа) и за броење на соматските клетки (главен индикатор за здравствената состојба на млечната жлезда кај молзните животни), како и апарат за броење на бројот на бактерии во суровото млеко (параметар кој ја отсликува хигиенската состојба). Сите овие чекори се со цел за модернизирање и зголемување на капацитетот на Лабораторијата, а со тоа и поефикасна соработка со сите партнери во секторот на млекопроизводство. Поради сето горенаведено започнат е процес на проширување и адаптација на просторот на лабораторијата. Сите овие активности се во насока на обезбедување на техничка и експертска подршка на Министерството за земјоделсто, шумарство и водостопанство, Агенцијата за храна и ветеринарство и млекопроизводителите во државата со цел зајакнување на состојбите во млекопроизводството.

Решението можете да го погледнете тука.

На 1 Ноември 2019 година со почеток во 9.00 часот во организација на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје ќе се одржи Симпозиумот „Респираторни болести кaј живината и нивна превенција“. Ко-организатори на Симпозиумот се Македонските ограноци на Светската ветеринарна живинарска асоцијација (WVPA) и Светската живинарска научна асоцијација (WPSA).

Покрај предавачите од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, проф. д-р Александар Додовски и Мирослав Ќосевски, ДВМ, свои предавања ќе имаат и проф. д-р Ласло Короши од Унгарија и претставник од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје како водечка научна институција од областа на ветеринарната медицина во Македонија постојано ги следи трендовите и барањата на стопанството. Во таа насока овој Симпозиум претставува одлична можност за пренесување на научните достигнувања до сите засегнати страни и е показател за соработката помеѓу науката и стопанството.

Координатор на настанот е: проф. д-р Александар Додовски, adodovski@fvm.ukim.edu.mk.

Повеќе информации за програмата, местото и времето на одржување можете да најдете на следниот линк.

Почитувани,


Oфицијално е пуштена во употреба нoвата веб страна на Македонски Ветеринарен Преглед.

Истата можете да ја посетите на следнава адреса:


https://www.macvetrev.mk

На 12 септември 2019 година, во просториите на Факултетот за ветеринарна медицина се одржа првата меѓународна работилница за регенеративна медицина на тема: “Запознавање со клеточно базирани терапии и терапии со плазма збогатена со тромбоцити (ПЗТ): Клинички пристап” (1st International Regenerative Medicine Workshop: Introduction to cell-based and platelet rich plasma (PRP) therapies: clinical-translational approach).

На теоретскиот дел од работилницата беа поканети предавачи – светски познати експерти  (проф. д-р Луиза Паскучи [Luisa Pascucci], проф. д-р Мери Марфи [Mary Murphy], проф. д-р Френк Бери [Franck Barry] и д-р Ана Ивановска) кои ги споделија своите теоретски и практични сознанија за најновите достигнувања во областа на регенеративната медицина, како и примената и улогата на матичните клетки во ветеринарната медицина.

За време на практичниот дел, беше одржано воведно предавање од страна на проф. д-р Стефано Гроли  [Stefano Grolli], за улогата и примената на плазма збогатена со тромбоцитии (ПЗТ) во секојдневната пракса. Практичниот (лабораториски) дел се состоеше од подготовка на ПЗТ, каде учесниците поделени во две групи самостојно имаа можност да ја подговат плазмата и да ги забележат разликите помеѓу состојбата на гел и плазма.

На 12 септември 2019 година, Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје ќе ја организира првата меѓународна работилница за регенеративна медицина на тема: “Запознавање со клеточно базирани терапии и терапии со плазма збогатена со тромбоцити (ПЗТ): Клинички- пристап”

За време на работилницата, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови во производството на матични клетки, да слушнат за неодамнешните достигнувања на терапевтските протоколи во областа на регенеративнаta медицина, како и да научат како да подготват плазма збогатена со тромбоцити.

Поканетите гости предавачи – светски познати експерти ќе ги споделат своите теоретски и практични сознанија за новините во регенеративната медицина и ќе дискутираат со учесниците за пристап и имплементација на PRP кај животните во пракса.

Повеќе информации можете да најдете тука. —

На 22.8.2019 год. ФВМС, како и секоја година, имаше свој штанд во рамките на Отворениот ден на УКИМ, кој оваа година се одржа на градскиот плоштад. Нашиот Факултет ги претстави новиот „Водич за студенти“ и „Прегледот на предметните програми“, некои наслови од македонските преводи на реномирани светски учебници што ги поседува нашата Библиотека, дел од нашата колекција пластинирани анатомски препарати, прибор за клиничка практика, но секако најголема атракција и овојпат беа нашите животни (кучиња, зајак и гулаби).

Непосредно пред започнувањето на запишувањето на новата генерација студенти, во рамките на одбележувањето на 70-годишнината на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 22. Август ќе се одржи манифестацијата „Отворен ден“. На оваа манифестација ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, а ќе се презентираат и активности од студентите, центрите за кариера и алумни асоцијацијата на УКИМ. Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје ќе учествува со свој штанд.

Врз основа на член член 7 од Правилникот за начинот и постапката за финансирање на научно-истражувачки проекти на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (Униврезитетски гласник УКИМ бр. 416 од 25 јануари 2019 година)  и Одлуката на Наставно-научниот совет на Фкултетот за ветеринарна медицина – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје бр. 0202-956/9 од 6.6.2019 година, Конкурсната комисија на  Факултетот за ветеринарна медицна –Скопје објавува интерен 

К О Н К У Р С

за доделување на средства за реализација на научно-истражувачки проекти на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје

Право на конкурирање

Право на апликација на научно-истажувачки проекти имаат лица избрани во наставно-научни и научни звања, вработени на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје.

Конкурсот можете да го превземете тука.

Низ светот, луѓето ги чуваат животните за најразлични причини, во зависност од својот политички, религиозен, културолошки, социо-економски статус. Како доктори по ветеринарна медицина, наша должност е да ја промовираме благосостојбата на животните, и да сме сигурни дека им се обезбедени основни животни услови, како и дека се заштитени од непотребен стрес, болка, повреда и страдање. Стресот и лошото здравје придонесуваат за економски загуби (намалена продукција, слаб квалитет) со што, и луѓето и животните имаат придобивки од добраta благосостојба на животните.

VetNEST e мрежа на Факултети за ветеринарна медицина од Виена, Брно, Будимпешта, Кошице, Љубљана, Вроцлав, Загреб, Белград, Скопје и Тирана, поддржана од CEEPUS програмата. На ден 21.07 (понеделник) до 28.07.19 во Виена, Австрија успешно се одржа првата VetNEST Летна школа за Благосостојба на животни, Ветеринарна етика, Законодавство и Комуникациски вештини. Целта на оваа школа е да ја истакне важноста за познавање и примена на  благосостојбата на животните, ветеринарната етика и законодавство со фокус на продуктивните системи (интензивен и екстензивен, традиционален начин на одгледување на фармски животни).

На летната школа присуствуваа 31 учесник од земјите-членки во VetNEST , како и од Австралија и Шри Ланка.  Предавањата и работилниците ги водеа седум предавачи: Благосостојба на животните – проф. Д-р. Влатко Илиески и Мирослав Радески (ДВМ) oд Факултет за Ветеринарна медицина – Скопје (Центар за благосостојба); Ветеринарна етика – проф. Д-р. Хервиг Грим, Свења Спрингер (ДВМ) и д-р. Кристијан Дурнбергер од Факултет за Ветеринарна медицина – Виена (Vetmeduni); Ветеринарно законодавство – проф. Д-р. Кресимир Северин од Факултет за Ветеринарна медицина – Загреб; Комуникациски вештини – проф. Д-р. Метка Кухар (Љубљана).

Активностите се одвиваа од 09:00 – 19:00 ч. на Факултетот за ветеринарна медицина – Виена (Vetmeduni Vienna). За време на работилниците,  студентите беа поделени во тимови, каде заеднички им пристапуваа на различни проблематики од аспект на благосостојба, етика, законодавство и комуникација. Истотака, во склоп на активностите, беше посетена фарма за овци, каде учесниците имаа можност стекнатото знаење да го применат во пракса.

Со чест и задоволство ви ја најавуваме следната летна школа, која ќе се одржи во Охрид, Р.С.Македонија.

Во прилог е веб-страницата на Летната школа

Пријави се за примање на известувања за нови објави од нашата веб страна

[email-subscribers namefield=”YES” desc=”” group=”Public”]